Македонија за прв пат сведочеше на тениски меч на Вимблдон со наш човек, а тоа задоволство ни го пружи Лина Ѓорческа која загуби од Аманда Анисмова со 2:0 (6:3, 6:2).
Сепак се работеше за разлика во класи. Американката е шеста во свет или 211 позиции погоре од нашата тенисерка, која со 31 година и 11 месеци беше најстара дебитантка на ова издание на Вимблдон.
Но, и покрај тие факти, Ѓорческа одигра солидно и избегна дебакл. Во првиот сет пружи поголем отпор со 3 освоени гема. Немаше прилика за брејк, а сервисот го загуби во четвртиот гем кога Анисмова поведе со 3-1.

Вториот сет донесе уште поголема доминација на фаворитката која направи два брејка и со 6-2 го приведе мечот кон крајот.
Најголемите проблеми Ѓорческа ги имаше во сервирањето. Имаше само 41% успешност на прв сервис, како и 8 дупли сервис грешки.
За Лина ова беше натпревар на кариерата. Прв настап на еден Гренд слем и тоа на терените на Вимблдон за историја на македонскиот тенис. Многупати играше квалификации, но никогаш не дојде до главната фаза.

За пласманот на Вимблдон, до кој стигна со три победи во квалификациите ќе добие награда од 100.000 долари, како и поени со кои ќе напредува на ВТА листата.
Ждрепката сепак се покажа како немилосрдна против тенисерка која лани стигна до финалето на Вимблдон и УС Опен.
