„Мајка ми ме родила на 16, а татко ми барал работи од улица за да нè прехрани, е тоа е притисок“

Европскиот шампион Шпанија ја мина лесно групната фаза како прва во група без примен гол. По изненадувачкото реми без голови со Зеленортски острови и голманот Возиња, Шпанците лесно се справија со Саудиска Арабија (4-0) и со Уругвај (1-0). Сега ги чека Австрија, а сите најмногу очекуваат од главната ѕвезда Ламин Јамал.

Шпанија игра со Австрија во четврток вечер од 21 часот. Победникот од тој натпревар ќе оди во осминафинале на појакиот од дуелот Португалија - Хрватска.

И сите очи се вперени во Ламин Јамал. Откако играше умерено во текот на првите три натпреваро откако се опорави од повредата која го спречи да дојде на Светско првенство во 100% форма - ѕвездата на екипата сега делува спремна да даде сè од себе.

Поточно тој признава дека е спремен да одигра цел натпревар така што сосема сигурно ќе го гледаме во стартна постава во четврток вечер од 21.

„Ќе дадам сè од себе, сакам да победам и ќе дадам се од себе тоа да го сторам“, вели Ламин Јамал во разговор за Ел Ларгуеро, емисијата на шпанското радио Кадена СЕР.

Во еден момент од интервјуто, новинарот Ману Карењо го прашал Ламин како се соочова со притисокот што е главна ѕвезда на репрезентацијата. И покрај тоа што има само 18 години кои скоро ги наполни, Јамал е главен адут на теренот и надвор од него и сите очи и камерите се вперени во него од ден на ден.

„Пред некој ден видов слика од вашиот последен слободен ден, читавте книга во Чатануга. Кога дојдовте во хотел, бевте опкружени со деца, со машки и девојчиња. Сите бараа да се сликаат со вас. Како се носите со тоа“?, го прашал новинарот.

„Првиот ден секогаш застанувам, се испоставува дека се истите луѓе. Но добро, мора да знаете да се носите со тоа. Не би требало да се фрустрирате, знам кој сум и знам дека тоа е нормално“, вели Ламин а на прашањето на новинарот Ману Карењео како се носи со притисокот на само 18 години, ѕвездата на Шпанија и Барселона рекла:

„Никогаш не сум вршел притисок на себе. Постојат луѓе кои повеќе трпеле. Мајка ми ме добила кога имала 16 години, е тоа е прав притисок. Па тогаш татко ми морал да излезе да заработува за живот, барал работи на улица за да донесе храна дома. Тоа е прав притисок. Сè што треба јас сега да направам е да играм и да го усреќам шпанскиот народ“.

Ламин Јамал признава дека воопшто не чувствува притисок и дека негова единствена задача е да даде 100% на теренот.
 

1 јули 2026 - 13:32