Offside

Шпанија го владее фудбалот. Само во последните четири години освои Лига на нации 2023, Олимписки игри 2024, Европско 2024 и Светско 2026. Кога овие успеси ќе се спојат со клупските, резултатот е надреален.

Седло како селектор на Македонија на Градски

Гоце Седлоски вечерва во Копенхаген од 20:45 ќе дебитира како селектор на македонската фудбалска репрезентација. Ама веќе има еден натпревар, како привремен селектор пред 14 години. Се работи за вакум периодот во летото 2012-та, односно после заминувањето на Џон Тошак, а пред доаѓањето на Чедомир Јаневски. Пријателска средба Македонија - Литванија 1:0, стрелец Пандев.

Пандев: За пласманот на ЕП ми се јавија Морати и Мурињо, во Џенова имав директорска и тренерска понуда

„Одигравме катастрофално Европско, а ја имавме најдобрата генерација. Мислам дека можевме да одиграме многу подобро ако бевме тактички и ментално поспремни. Ние се базиравме на индивидуален квалитет. Припремите беа катастрофални. Отидовме на ЕП како растурена банда“.

Прекрасен гол од пола терен на дуелот Србија - Англија

Во рамки на квалификацискиот турнир за Европско првенство за младинци, Србија У-19 со 2-0 ја совлада Англија У-19. Еден од погодоците беше ремек-дело на 19-годишниот Михајло Цветковиќ кој игра за Андерлехт.

Сите 50 голови на Мохамед Салах во Лига на шампиони

Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња, 33-годишниот Мохамед Салах чесно и навремено им објави на навивачите на Ливерпул дека по крајот на сезоната, после цели 9 години го напушта „Енфилд Роуд“. Им донесе многу магични моменти, трет е на вечната листа за голови во Ливерпул и им донесе бројни трофеи. Во Лига шампиони постигна 50 гола во дресовите на Базел, Рома и Ливерпул.

Голманот на Наполи кој забива за Ол-Стар

Дваесет и девет годишниот голман на Наполи, соиграч на Елмас, Србинот Вања Милинковиќ-Савиќ сезонава ги импресионираше сите со своите лудачки пенали кои ги шутираше во Купот на Италија, а сега изненадува и со атрактивни забивања.

Нов монструозен трипл-дабл на Јокиќ, број 30 сезонава

Само еден ден откако го добија Феникс, кошаркарите на Денвер славеа против Далас со 142-135. Само еден ден откако Јокиќ оствари трипл-дабл, еве го со нов. Само прашање на време е кога ќе го стигне рекордот на Расел Вестбрук.

И во забивањата на Коби имаше некоја магија

Коби Брајант против Вашингтон. 1998-ма е ова, што значи има само 20 години. Каква легенда и ѕвезда што прерано згасна.

Кога фудбалот беше поважен од имиџот

Јак клип од една јака и култна генерација на Италија, која прерано го заврши Мундијалот во 2002. Беше елиминирана од домаќинот Јужна Кореја уште во осминафинале. Инаку со исклучок на гелчето, видеово држи вода.

Кога на ПЕС ќе ја наполниш со Верон

Најдлабоките спомени од оние најдраги игри од детството за кое се собиравме по куќи после школо, датираат од Плејстешн 1. Фантазија за тоа време. Вие што игравте повеќе, ПЕС или ФИФА?

Јокиќ: Во САД отидовме со 1.000 евра, а браќата прво купија 100 пара чорапи

Јас сакам да правам скаутинг, да ги анализирам играчите. Мислам дека таа подготвеност пред натпревар е пола завршена работа. Ако тоа го знаеш, тогаш одиш на повисоко ниво, а тоа е препознавање на нивните акции. Мислам дека тоа се детали кои ја менуваат кошарката.

САД им бара 15.000 долари за влез на навивачи од Тунис, Алжир и други три земји

Нова непријатна вест од САД стигна за навивачите на репрезентациите на Алжир, Тунис, Зелено'ртски Острови, Сенегал и Брег на Слонова Коска кои се пласираа на Мундијалот кој летово се игра во три земји.

Синер удри противник, па се извинуваше

Вториот носител и апсолутен фаворит за титулата на Мастерс турнирот во Мајами Јаник Синер се пласираше во четвртфинале откако со 2-0 го совлада Алекс Микелсен. Пред крајот на првиот сет Микелсен при една размена се откажа од еден поен на мрежа а Синер го погоди силно со топчето па му се извинуваше.

Кои се најбрзи трипл-дабл учиноци во историјата на НБА?

Да се оствари трипл-дабл учинок во НБА лигата е подвиг за многу големи суперѕвезди. Да се има најмалку 10 поени, 10 скока и 10 асистенции на еден натпревар е навистина тешка задача, но леснотијата со која Никола Јокиќ го прави ова покажува дека кошарката може да биде едноставна игра. Кога ја игра Јокиќ.

Васоски: Притисокот ќе биде врз Данска како домаќин, а мечот ќе го решаваат нијанси

Александар Васоски, кој важи за еден од најсилните стопери во историјата на македонската фудбалска репрезентација, во подкастот Пресинг зборува за шансите на Македонија против Данска. Зборува и за кариерата во Цементарница 55 и Вардар, како и за трансферот од македонска лига во Бундес. Во 2008-ма година бил на преговори со Њукасл, а го барале и во Вердер Бремен.

Кога Шевченко и Буфон пак се гледаа очи во очи како некогаш

На 15-ти септември 2023-та година во Љубљана се одигра хуманитарен натпревар на многу светски славни ѕвезди со цел собирање средства за настраданите од страшните поплави во Словенија во август таа година. Се собраа 3,5 милиони евра, на стадионот „Стожице“ во Љубљана имаше 16.000 гледачи, дојдоа многу светски ѕвезди.

Сега да ѝ купиш ново пиво

Кливленд Кавалирс потешко од очекувањата го совлада Орландо Меџик 136:131, а на овој натпревар гостинскиот кошаркар Џамал Каин во еден обид да стигне до топката ја одби во публика каде таа заврши во пивото на една гледачка. Жената киптеше од лутина.

Нов трипл-дабл на Никола Јокиќ и кош за важна победа

Денвер Нагетс го совлада Феникс Санс 125:123 во најинтересниот натпревар на вечерта во НБА лигата. Со поени на 18 секунди до крајот Никола Јокиќ и донесе на својата екипа од Колорадо трета победа по ред па сега Нагетс се на четврто место на Западната конференција каде ја прескокнаа Минесота Тимбервулвс.

Најдобриот играч на сите времиња според Лапорта

Секоја чест на Пеле, Марадона, Роналдињо, Меси, но за мене најдобар играч во историјата е Јохан Кројф, вели претседателот на Барселона. Холандскиот ас и мозок на тики-така, кој освои три Златни топки, во Барселона пристигна во 74-та после 18 освоени трофеи со Ајакс, меѓу кои три европски титули по ред.

После 9 богати години, Мохамед Салах заминува од Ливерпул

Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња, Мохамед Салах дефинитивно ќе го напушти Ливерпул на крајот од актуелнава сезона. По спогодбен договор со управата, Салах ќе си оди и нема да потпише нов договор.

Кога Модриќ ќе те пофали дека си супер коментатор

Небојша Вишковиќ од Спорт Клуб од едната страна. Лука Модриќ од другата. Ќејфот сигурно е многу голем кога ќе те пофали една ваква легенда, освојувач на Златна топка.

Голем скандал го тресе чешкиот фудбал: Уапсени повеќе од 50 лица за кладење, местење и давање мито

Во здружена акција на чешката полиција, Високото јавно обвинителство во Оломуц кое ја води истрагата, Еуропол, Интерпол и единиците на УЕФА за борба против местење натпревари, утрово во Чешка почнала голема акција во која се приведени повеќе од 50 лица.

Жаклина и Бисер балкански во сред Палермо

Чудото во Палермо се случи на денешен ден пред точно 4 години. Паралелно со лудиот резултат, падна и луда фешта за сите пари, со стотици македонски навивачи кои открија локал каде се точеше пиво за 1,5 евра. Македонска народна песна ечеше во срцето на градот.

Четири години од мега изненадувањето во Палермо

Сите мисли, како што се ближи Копенхаген, ни одат во Палермо. Бидејќи тоа е она што сакаме да се повтори. Италија - Македонија 0:1 се случи токму на 24 март, 2022-ра. Како вчера да беше.

Кога во Кротоне луѓе доаѓале во болница само за да го гледаат Јувентус

Јуве е Јуве во Италија. Има најмногу шампионски титули, најмногу навивачи ширум земјата. Каде и да гостуваат бјанконерите, секторот за нивни тифози е полн. Така на пример кога биле во Кротоне, во градската болница која се наоѓа веднаш до стадионот, стотина „пациенти“ отишле во посета на своите најблиски или на лекар. За да можат од прозор да го гледаат саканиот Јуве.