Какви биле почетоците на мароканскиот фудбал - од забрана за влез во базени до бронза на Светско

Веројатно многу француски навивачи се израдуваа кога видоа против кого ќе играат во четвртфинале на Светско првенство 2026. Но дали се израдувала и полицијата?

Пред четири години, на Светско 2022 во полуфиналето играа Мароко и Франција а полицијата уапси 170 лица воглавно Мароканци но и ултра десничари кои дошле на Елисејски полиња за да се судрат со „дојденците“ од Северна Африка.

Во Ница Мароканците палеле контејнери за ѓубре а во Лион полицијата употребила солзавец кон нив поради фрлање петарди и топовски удари.

Министерството за внатрешни работи на Франција го прогласила натпреварот со Мароко за натпревар од висок ризик во категорија на зголемена опасност. Во многу градови се засилени полициските патроли, ангажирани се хеликоптери за набљудување на ситуацијата, а услугите на јавниот превоз се ограничени. Мерките можеле да биде и уште построги.

Мароканците ја сочинуваат втората најголема дијаспора во Франција (после алжирската). Според податоците на Националниот институт за статистика и економски истражувања оваа дијаспора опфаќа околу 900.000 државјани на Мароко и уште 600.000 француски државјани со мароканско потекло (Мароканци). Студентите од Мароко ја сочинуваат најбројната група странски студенти на француските високошколски установи (35.700 студенти). Меѓу нив најпопуларни се студиските програми од областа на математика и инжењерство.

Многу дипломци остануваат во земјата и градат кариера во науката. На пример извесна Мерием Шадид е истакната научничка  во областа на астрономија и астрофизика. Уште еден пример е и Рашид Јазами кој изумил графитна анода - клучна компонента на негативна електрода во литиумско-јонски батерии. Тој во 2014-та добил Драјперова награда од страна на Националната академија за инжењерство за својот револуционерен придонес на енергетски технологии.

КАКО ДИМИ ВО СЕВЕРНА АФРИКА?

Во репрезентацијата на Мароко од домашно првенство има само двајца и тоа двата резервни голмани, а повеќето играчи од составот никогаш не настапувале за марокански клубови и пораснале во академиите во Франција, Шпанија, Холандија и Белгија.

Поради тоа фудбалските власти не го прилагодувале распоредот на домашното првенство со Светското првенство - за тоа немало потреба зошто сите професионални играчи биле присутни. Како резултат на тоа домашната лига завршила дури претходниот викенд. Титулата за првпат уште од 1985-та година ја освои ФЕС, клуб од престолнината на Мароко, средиштето на исламската култура во таа земја.

Ситуацијата во Египет е нешто поинаква. 17 фудбалери во репрезентацијата доаѓаат од домашната египетска Премиер лига. Врвните клубови како Ал-Ахли, Замалек и Пираидс се многу богати за африкански стандарди и можат да им парираат на понудите и условите на клубовите од средина на табелата во шпанска Ла Лига или француска Ла Лига.

Атмосферата која што се прави на мароканските стадиони кога играат тамошните најголеми клубови, како например дербито на Казабланка или дербито на Каиро во Египет е неверојатна. Таа атмосфера е светски позната по масивните кореографии, џиновски слики и спектакуларни бакљади, пиротехнички фешти кои често се појавуваат на друштвените мрежи во групите за навивачи.

Ултрас културата во Северна Африка не е од скоро. Во последните 2- години фудбалските навивачи од овој регион станаа влијателна и моќна политичка сила и веќе покажале дека се способни на големи нешта.

ФУДБАЛОТ КАКО ИНСТРУМЕНТ НА НАЦИОНАЛНО ДВИЖЕЊЕ

Во историјата не е мал бројот на случаи кога фудбалот привлекувал движења за правата на угнетените малцинства или станал основа за формирање национално-ослободителни сили во колониите. Класични примери се Барселона и Атлетик Билбао. Во Шпанија во време на диктатурата на Франко се бореле со националистичикие движења во Каталонија и Земјата на Баските.

Забранети биле предавања на регионални јазици, целата службена документација се водела исклучиво на шпански јазик а на новороденчињата не смееле да им се даваат баскиски ни каталонски имиња. Националистичките симболи на регионите исто биле забранети. Во такви околности одење на фудбалски натпревар бил единствен законски и безбеден начин Каталонците и Баскијците да го искажат својот национален идентитет и да почуствуваат единство и сила.

Мароканската фудбалска сцена се развивала на сличен начин. Првенствата почнале уште на почетокот на ХХ век но екипите биле составени воглавно од француски и шпански жители - војни лица или доселеници.

Доминантна сила на тие први марокански фудбалски сезони бил клубот УСМ Казабланка основан од сенаторот Луј Андри, поранешен шеф на париската полиција.

Во текот на 35 сезони овој клуб освоил 15 шампионски титули и важел за најсилен во северна Африка. Иако во составот имале и марокански играчи тие имале само споредна улога. Навивачката база на клубот исто така ја сочинувале Европјани кои живееле во Мароко.

Поради тоа кога во 1937-ма година во Казабланка се појавил првиот клуб со локална управа и играчи, веднаш го привлекол вниманието на Мароканците. Го нарекле Видад (Љубов). Таа приказна потсеќа на легендата за московски Спартак според кој еден од браќата основачи Старостин на клубот му дал име инспириран од книгата за востание на робовите кои ги предводел силниот Спартак. Основачот на клубот Видад инспирација пронашол во египетската мелодрама по име „Љубов“.

Видад првично бил основан како ватерполо клуб. Тоа било зошто на Мароканците им било забрането да користат базени кои ги изградиле Европјани, зошто пристапот барал членство во спортското друштво кое не примало локално население.

Поради тоа Видад во почетокот бил дупка во законот за обиколување на овие ограничувања но прилично брзо се развил во прав спортски клуб со фокус на фудбал.

Клубот го привлекол вниманието на националистички ориентираната буржоазија на Казабланка. Важно е да се разбере дека „буржоазија“ овде не се однесува на милионери облечени во бренодви со свои приватни авиони, туку на безброј мали дуќанџии и сопственици на ресторани и тезги - лица кои обилно ги населувале и онака густите населби во трговскиот центар на Казабланка.

Дванаест години подоцна најголемиот ривал на Видад, Раџа („Надеж“) се појавил во Казабланка. Клубот го основале мароканските синдикални лидери што и ја одредила популарноста меѓу работничката класа и сиромашните кои го сочинуваат мнозинството од населението во Мароко и ја обликувале левичарската идеологија на главната база на навивачите.

9 јули 2026 - 14:08