Откако одигра 61' минута за Бетис на гостувањето кај Лил каде шпанскиот состав победи 0-1 а тој имаше асистенција за еден од двата гола на стоепрот Бартра, Иско влезе во вечната книга на рекорди на УЕФА Лига на шампиони.
По настапите со Валенсија, Малага, Реал Мадрид и Севиља, сега и со Бетис заигра во Лига на шампиони и тоа е негов петти клуб од иста земја со кој игра во елитата.
Иско Алкаркон дебитираше во Лига на шампиони на само 18 години кога во историската сезона за Малага 2012/2013 истрча на теренот против Борусија Дортмунд.
Подоцна се пресели во Реал Мадрид каде стана една од водечките фигури во шампионските походи. Со „кралевите“ Иско освои дури 5 пехари во Лига на шампиони! Од 2013 до 2021.
Овој на времето најголем шпански талент потоа се пресели во Севиља со која во сезоната 2022/2023 играше во Лига на шампиони пред да замине во Реал Бетис со кого синоќа ја отвори сезоната 2026/2027 во ЛШ со победа 2:3 против Лил. Цели 16 години по дебито во Лига на шампиони и тој може да се каже дека е најконстантен фудбалер во елитното друштво.
Зад него со настапи за 4 клуба во Лига на шампиони остануваат Ернан Креспо, Стефан Далма, Хатем Берн Арфа, Бурак Јилмаз и Рахим Серлин.
Иско во Валенсија дошол на 14 години кога го довеле од неговиот матичен клуб Бенамиел.
Тој досега во Лига на шампиони одиграл 79 натпревари, постигнал 10 гола и имал 13 асистенции. Најдобри изданија имаше во Малага за која во ЛШ постигна три гола и запиша четири асистенции. Беше дел од незаборавната победа против Милан. Со само 20 години ја доби наградата „Златно момче“ за најдобар фудбалер во Европа.
Подоцна потпиша со Реал Мадрид богат договор и ја освои Лига на шампиони во 2014, 2016, 2017, 2018 и 2022.
Со Севиља одигра шест меча во Лига на шампиони и постигна гол во групна фаза. Потоа со Бетис играше во финале на Конференциска лига, а сега и во Лига на шампиони.