Русија се враќа на Олимписки игри, и ФИФА разгледува да ги врати во фудбал

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти дека ја повлекува суспензијата за Рускиот олимписки комитет (РОК) и дека олимпијците од оваа земја ќе можат да се натпреварутваат на Летните Олимписки игри во Лос Анџелес 2028.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го направи долгоочекуваниот чекор. Ја смени својата одлука од 28 март 2023-та година за препорака за учество на руските олимпијци во неутрален статус и забраната која важеше за спортистите од оваа земја.

Сега Русите ќе учествуваат на ЛОИ 2028 во Лос Анџелес и веројатно под свое знаме, химна, грб. 

КЛУЧНИ МОМЕНТИ ОД СООПШТЕНИЕТО НА МОК:

- Извршниот одбор на МОК привремено ја укинува суспензијата на Рускиот Олимписки Комитет
- Рускиот Олимписки Комитет веќе не вклучува регионални спортски организации од територии под јурисдикција на Украинскиот олимпискки комитет во својот состав.
- Препорачаните услови за учество на руските атлети и тимови меѓу кои и заштитните мерки веќе не важат.
- Сите руски атлети кои ќе се вратат во меѓународните натпреварувања мора да се сретнат со релевантни анти-допинг мерки
- МОК нема да организира олимписки настани во Русија ниту ќе викне руски владини или други државни претставници на нејзните настани
- МОК кога ќе дојде време ќе одлучува понатаму во врска со прашањето за истакнување руско знаме, химна, бои или какви било идентификации за Олимписките Игри
- МОК останува солидарен со Олимписката заедница во Украина.

И ФИФА ТРГНА ПО МОК

Веднаш по МОК, сега и ФИФА формално дискутира за прекин на суспензијата за руските репрезентации и тимови која е усвоена од 2022-та година.

Откако МОК во понеделникот најави дека го отвора патот за руските олимпијци, сега и други меѓународни спортски организации тргнуваат по тој пат.

„ФИФА разбра за одлуката која што ја донесе МОК за привремено укинување на забраната на Рускиот олимписки комитет. ФИФА ќе ја анализира својата одлука пред да преземе следни чекори во координација со релевантните акционери“, велат од ФИФА за Скај Њуз.

Русија не играше во квалификациите за Светско првенство 2022 и 2026, ниту во квалификациите за Еуро 2024 во машка конкуренција и за Светско првенство 2023 за жени.

Санкциите на ФИФА кон Русија беа поради големиот отпор од некои земји кои одбиваа нивни репрезентации и клубови да играат против руски противници.

Но претседателот на ФИФА Џани Инфантино во февруари годинава изјави дека „ние мораме да разгледаме враќање на руските тимови, оваа суспензија не постигна ништо, само создаде поголема фрустрација и омраза“.

ФИФА веќе дозволи репрезентацијата на Русија У-15 да игра на младинското Светско првенство во Азербејџан.

Меѓународниот олимписки комитет остави на секој спорт поединечно за себе да донесе одлука дали ќе ја поништи суспензијата на руските тимови.

8 јули 2026 - 11:40