Offside

Шпанија го владее фудбалот. Само во последните четири години освои Лига на нации 2023, Олимписки игри 2024, Европско 2024 и Светско 2026. Кога овие успеси ќе се спојат со клупските, резултатот е надреален.

Столе во слободно време ужива во Евролига

Најголемиот адут на македонската фудбалска репрезентација, голманот кој бранеше и на историското Европско првенство 2021, Столе Димитриевски конечно дочека шанса во славната Валенсија и максимално ја користи. Влета во игра кога се повреди првиот голман и брани во одлична форма. Во слободно време гледа Евролига а вели дека уживал на мечот Црвена звезда - Партизан во Белград.

Српски ВАР на денот

Имаме анализа на спорна ситуација со транзиција од скапи технолошки решенија кон органски, одржлив ВАР систем со помош на „Повикај пријател од публика“.

Дени Мусовски: „Во 2020-та беше недоразбирање, отсекогаш сум сакал да играм за Македонија“

Во опширно интервју за Флешскор, центарфорот Дени Мусовски кој е меѓу Топ 10 напаѓачи во фудбалското првенство на САД, МЛС лигата каде играат и легенди како Лионел Меси, Томас Милер, Кореецот Сон и Луис Суарез и кој беше МВП на лигата пред сите нив лани во 2025-та со дури 16 постигнати гола, вели дека отсекогаш сакал да игра за Македонија.

Пријателска предигра пред мечот Данска - Македонија

Македонската фудбалска репрезентација денеска патува за Данска, каде в четврток од 20:45 го игра баражот за СП. Во Копенхаген се крча уште еден фудбалски натпревар меѓу Данска и Македонија и тоа меѓу навивачите. Закажан е за четврток од 13:30 часот во Спортскиот комплекс Кловермаркен.. Пораката е: Добра енергија, фудбал и забава – загревање пред големиот натпревар!

Гатузо ја спрема Италија за бараж: „Менталот е поважен од тактиката“

Италијанската јавност уште од големиот блесок на нивната фудбалска репрезентација во 2021-ва година кога станаа европски шампион откако во големото финале ја совладаа Англија среде Лондон на „Вембли“ после пресврт 1-2, чека нови радости.

Пандев: Тој период да игравме и без тренер, ќе се пласиравме на ЕП

„Требаше да одиме среќни и задоволни на тоа ЕП, сите заедно да изгинеме, а ние отидовме како растурена банда. Се случија многу работи што не требаше да се случат“.

Кога Чилаверт даде гол од 60 метри

Хозе Луис Чилаверт има дадено 59 гола за клуб и уште 8 за репрезентација. Тој е една од ретките голмански легенди и култно јужноамериканско име со голгетерски способности. Погледнете каква будалаштина изведе, на денешен ден пред точно 30 години.

Панчев: Данска е фаворит, но можеби ќе изненадиме како во Палермо, а У-21 не ми дава многу надеж

Дарко Панчев со порака до избраниците на Гоце Седлоски да веруваат во себе и да се обидат да ја изненадат Данска, бидејќи како што вели притисокот е врз нив и можеби ќе им биде тешко да ја оправдаат таа улога. Смената на Милевски сè уште ја смета за избрзана одлука, а за селекцијта за играчи до 21 година не е баш оптимист.

Нереди во Широки Бријег меѓу навивачи на Железничар и полицијата

Натпреварот меѓу Широки Бријег (клуб на хрватската заедница) и Жељезничар од Сараево завршил 1-1 но останал во сенка на големата тепачка меѓу гостинските навивачи и полицијата поради што натпреварот бил прекинат во 30-та минута, па во 72-ра а на крај конечно се доиграл со 23 минутно продолжение.

Луд гол после кој цел стадион се држеше за глава

А се држеа за глава и соиграчите на 30-годишниот германски фудбалер во Сент Луис, Марсел Хартер. Тој постигна неверојатен погодок во победата од 3-1 над Њу Ингланд во 5. коло од новата сезона во МЛС лигата во САД.

Јокиќ стигна до 192 трипл-дабл во кариерата, се доближува до рекордот на Вестбрук

Во победата на Денвер Нагетс над Портланд 128:112, Никола Јокиќ забележа нов, 192. трипл-дабл во НБА кариерата, го надмина Оскар Робертсон (191) и му се доближи уште повеќе на апсолутниот рекордер Расел Вестбрук кој има 209 такви подвизи во кариерата.

Сандерленд го победи Њукасл на гости во најтензичното дерби во Англија

Сандерленд и Њукасл го имаат можеби најголемиот ривалитет во Англија, ако се земе предвид меѓусебната омраза која навивачите и играчите на овие два клуба ја имаат едни против други. Во неделата Сандерленд победи после пресврт 1-2 среде „Сент Џејмсис Парк“ во Њукасл со гол за триумф на Брајан Броби во 90' минута.

Лудо голчиште на Молина, Реал ја сврте

Реал Мадрид го доби градското дерби со пресврт од 0:1 на 3:2. Гостите поведоа преку Лукман, но во вториот дел Винисиус го реши мечот со два гола, потмогнат од Валверде кој беше меѓу стрелците. Го издвојувате потегот на мечот, ремек делото на Молина.

Чудна сцена, Депај на мобилен дремеше на сред натпревар

Мемфис Депај, пред две години, кога имаше 30 направи неочекуван трансфер од Ла Лига во Бразил. Не му оди лошо во дресот на Коринтијас, ама зачуди со гестов на клупа за што доби и опомена.

Пеп Гвардиола пак го победи својот ученик Артета, Сити до прв пехар сезонава

Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија првиот пехар во сезоната откако го совладаа Арсенал во финалето на англискиот Лига Куп со 2-0.

Меси со прекрасен гол од слободен удар тргна кон 1000-ка

Светскиот шампион Лионел Меси минатата недела стигна до бројката од неверојатни 900 гола во кариерата. Сега го даде својот 901 гол и тоа од слободен удар за Интер Мајами на гости кај Њујорк Сити каде неговата екипа славеше 2-3 и тоа после пресврт. Интересно ова беше 71 погодок од слободен удар за Лео во богатата кариера.

Страшна одбрана на Столе, една од најјаките во кариера

Валенсија стигна до многу важен триумф на гостувањето кај Севиља од 0:2. Столе Димитриевски блесна на голот во пресрет на мечот со Данска со ремек дело интервенција, која админот на Ла Лига ја издвои на социјалните мрежи.

НБА центар од Грузија му го навредувал семејството на Дончиќ

Лука Дончиќ игра во животна форма во НБА лигата. Синоќа постигна 33 поени во триумфот на ЛА Лејкерс над Орландо Меџик 105:104 а пред крајот доби техничка грешка, исклучување и суспендиран е за првиот следен натпревар на Лејкерс. Поради тоа што се побунил зошто центарот на Орландо Меџик го пцуел.

Страшен еврогол на Страхиња Павловиќ за Милан

Милан во моментов игра со Торино. Резултатот на полувреме е 1-1. Росонерите први поведоа преку стоперот Павловиќ во 37' минута кога навивачите видоа страшен погодок. Гостите израмнија преку синот на Диего Симеоне, Џовани Симеоне во 44' минута.

Смешен гол во Хрватска

Истра со 2-1 го совлада Вараждин во дуел за место кое води во еврокуповите. Вториот гол за домаќините беше комичен откако им помогна една дупка на теренот.

Те фатија сестро

Навивачка на Естудијантес во Аргентина е фатена на дело. Камерман демонстрира како работи прав професионалец и зумира маестрално. Дали е девојката суспендирана не знаеме.

Дончиќ со 60 поени го разби Мајами Хит и влезе во вечноста

Лос Анџелес Лејкерс оствари нов триумф, осми по ред откако синоќа го совлада Мајами Хит 134:126 а најзаслужен за победата беше Лука Дончиќ кој уфрли 60 поени и игра во животна форма. Трипл-дабл запиша сјајниот Леброн Џејмс.

Македонија против Данска во нов, фантастичен дрес на Адидас

„По деценија тишина - повторно во жолто. Боја што не е само избор, туку чувство. И ја враќаме - заедно. За плеј-оф битките за Светско првенство, македонската репрезентација ќе настапи во нов дрес“, соопштија од ФФМ и го претставија новиот жолто-црвен дрес кој е право освежување за играчите и навивачите.

За стравот во НБА од Дражен Петровиќ

Внимавајте со каков тон и респект зборуваат Реџи Милер и останатите за легендарниот Дражен. Вернон Максвел, двократен НБА првак со Хјустон: Дражен Петровиќ? Ноќни мори имав од него. Подобро би го чувал „црниот Исус“ Мајкл Џордан, отколку него.