Offside

Да ги оставиме малку на страна Роналдо, Меси, како и мегаломанските фудбалски стории со милијарди. За крај на годината одиме со нешто наше, локално. Автентична селска идила со терен покрај куќи и борова шума. Фудбалот ги поврзува генерациите и создава силно чувство на заедништво.

Нова симултанка на Дончиќ за осминафинале на Словенија

Лука Дончиќ игра на високо ниво на Европското. По трип-дабл партијата против Белгија, одигра нов одличен натпревар и на мечот со Исланд, клучен за пласман во осминафинале. Ѕвездата на Лејкерси реализираше 26 поени, а имаше и 7 скока и 4 асистенции, за победа на Словенија од 87:79. По 4 кола, тој е прв на Евробаскетот во просек по број на поени, скокови, асистенции и украдени топки.

Листа на најскапи трансфери во Ла Лига летово

Реал Мадрид повторно беше најголем трошаџија летово во шпанскиот фудбал и води на првите три места од Топ10 листата за најскапо платени трансфери. Младиот 20-годишен стопер Дин Хујсен го платија астрономски 62,5 милиони евра од Борнмут, левиот бек Карерас од Бенфика дојде за 50 милиони евра а најголемиот аргентински талент Мастантуоно пристигна од Ривер Плејт за 45 милиони евра. Трошеше многу и Атлетико Мадрид, а Барса од познати причини не се потроши.

НБА старт на Европското во режија на Полска

Пољаците го забележаа првиот пораз на ЕП од силната Франција, но знаеа уште во старт како да ја забавуваат домашната публика. Сте виделе ли некој вака да влезе на кошаркарски натпревар, уште во првата акција од мечот?

Најверна фудбалска приказна на летото

Бразилецот Антони на времето вредеше преку 100 милиони евра колку што Манчестер Јунајтед му плати на Ајакс. Дриблерот не се снајде воопшто на „Олд Трафорд“ и замина на позајмица во Бетис а таму блесна и го одведе овој клуб до финале на европска Конференциска Лига каде изгубија од Челси. Позајмицата му заврши и тој се врати тажен во Манчестер. Бетис буквално собирал пари и се пребројувал за да го откупи од Јунајтед и на крај успеал.

Кој колку пари потроши во Премиер лигата летово?

Англичаните се неприкосновени на оваа тема. Само првите топ 5 најголеми трошаџии ова лето, Ливерпул, Арсенал, Челси, Њукасл и Манчестер Јунајтед за трансфери издвоиле 1,5 милијарди фунти. Со купувањето на Исак, Ливерпул е прв со потрошени 446 милиони, но и доста продавал. Во најголем финансиски ќар е Борнмут со заработени 65 милиони фунти.

Фудбалски терен на денот

Гватемала може нема рамен терен, ама има желба за фудбал, публика, па уште и пренос со двајца коментатори. Топката не можат да ја штопнат, а не па да врзат некое додавање.

Ѓоковиќ појак и од Фриц и од домашната публика

Најтрофејниот тенисер на Гренд слем на сите времиња, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфинале на Отвореното првенство на САД откако со 3-1 во сетови 6:3, 7:5, 3:6, 6:4 го совлада Американецот Тајлор Фриц и закажа мегдан со Карлос Алкараз во полуфинале.

Кој каде потпиша од македонските репрезентативци и кои играчи се без договор?

Бурно беше во последните денови од летниот преоден рок. Некои од избраниците на Милевски завршија голема работа, но за други сè уште трае неизвесноста во пресрет на репрезентативните обврски.

Веќе го викаат новиот Жунињо

Нестори Иракунда има 19 години. Баерн Минхен пред неколку години го купи од австралискиот клуб Аделаиде Јунајтед и во 2024-та го доведе во Баварија како полнолетен. Не се наигра многу за Баерн па го пратија на позајмица во Вотфорд. А таму на 4 меча веќе има 2 гола и тоа двата од слободни удари и 1 асистенција.

Најбогатиот тренер од откази се вика Жозе Мурињо

Не веруваме дека е нешто загрижен „специјалниот“ што доби отказ од Фенербахче, бидејќи и онака не му легна турскиот фудбал, кој без пардон го критикуваше. А платата? Платата ќе му тече и со седење дома. Стандард.

Навивачи на Рајо одбиваа дрес од фудбалер на Барселона

Барселона скоро секогаш годиниве, па дури и кога играше во најсилен состав со Меси и Луис Суарез и Нејмар незгодно проаѓаше на гостувањето во Рајо Ваљекано, предградието на Мадрид. Таму во неделата Барса пак ремизираше 1-1 и тоа едвај од пенал. Младиот и одличен лев бек на Каталонците, Алехандро Балде (21) по крајот од дуелот сакал да им го даде дресот на некои мали деца кои му го барале, но постарите навивачи одбивале.

Тркот на Собослаи од 200 метри напред назад

Доминик Собослаи го реши дербито Ливерпул - Арсенал со голчиште од слободен удар кое беше во фокусот. Но, аналитичарите во Премиер лигата забележаа и нешто друго, кое тешко се гледа во пренос. Унгарецот игра во среден ред, но погледнете го колку се жртвува за тимот на цел терен. Истрча од гол на гол во два правци, за прво да учествува во напад, а потоа да помогне назад. Цар.

Новата авантура на Арон Рамзи

Велшкиот репрезентативец, ветеранот Арон Рамзи решил да замине преку океанот, во Мексико. Потпишал со Пумас а веќе на вториот меч влегол од клупа за резерви и дал гол во судиско продолжение за победа над Атлас. Рамзи верува дека ќе може да влезе во потребната форма за следната година да настапи на Светско првенство во случај ако Велс таму се пласира (се надеваме нема зошто Македонија е во група со нив).

Пази лопов Јаник

Светскиот рекет број 1 во моментов, го истреби Александар Бублик во осминафиналето на УС опен за само 84 минути. Синер загуби само три гема и сите 3 сета ги доби со идентични 6:1. Пазете ја сценава кога се намести да потпишува автограми. И тоа пред самото обезбедување.

Лука Дончиќ им загрме на соиграчите

Словенците на стартот од Европското забележаа два порази, од Полска и од Франција а потоа се истурија на Белгија која ја совладаа со 17 поени разлика 86-69. Лука Дончиќ беше пак најефикасен кај Словенците со 26 поени, 10 скока и 11 асистенции за трипл-дабл учинок. Дончиќ со право на моменти е бесен на своите соиграчи од репрезентација на кои им се извика на еден тајм-аут.

Го имаме ли најатрактивниот хет-трик некогаш виден во Франција?

Сте виделе ли до сега некој да постигне три гола на еден меч, ама сите јаки и тоа два со ножички? И тоа не е ова дело на напаѓач, туку на Жоао Невес од ПСЖ, кој има само 20 години и игра во среден ред. Тулуз - ПСЖ, конечни 3:6.

Новак за Гренд слемовите: „Њујорк е навистина најлуд, Париз и Вимблдон се со стил“

Новак Ѓоковиќ утре, односно вечерва после полноќ по наше време, го очекува дуел од четвртфинале на Отвореното првенство на САД против домашниот миленик Тејлор Фриц. Ноле ќе има тешка задача против одличниот Американец, а во меѓувреме зборувал за условите на Гренд слемот во Њујорк.

Каков циркус направи управата на Милан

Американскиот фонд кој го води 7-кратниот европски шампион Милан летово направи каша-попара со составот. Откако пред неколку години го отпуштија легендарниот Паоло Малдини кој во улога на извршен директор им донесе прво скудето после долго време, во Милан состојбата е циркуска. Дојде Игли Таре како нов спортски директор, а летово се продадени или позајмени 19 играчи од минатата сезона. Дојдоа некои полу-анонимуси.

Финска има 18 годишник кој забива како луд

Внимавајте на Мика Муринен од селекцијата на Финска, најмладата ѕвезда на ЕП. Има само 18 години, висок е 210 см, игра кошарка во средношколска конкуренција, но веќе е кандидат за забивање број 1 на Евробаскетот. Но, тешко ќе биде да се издвои најјакото од него, бидејќи само што ги воодушеви сите со страшно постер забивање против Велика Британија, истото го повтори и синоќа против Летонија.

Падна нов британски рекорд - Исак потпиша со Ливерпул

После неколку месечно тегавење, конечно на крај во последните мигови од летниот преоден рок, центарфорот на репрезентацијата на Шведска од Њукасл се пресели во Ливерпул и тоа за нов британски трансфер рекорд.

Рагби асистенцијата на Јокиќ уште во 15 секунда

Четвртата селекција која нагази на Србија на ЕП беше Чешка, која немаше никакви шанси. Момците на Пешиќ славеа +22 (82:60), а кошарка немаше веќе по првата четвртина која заврши 27:5. Дури 11 играчи се запишаа на листата на стрелци, а најпрецизен беше Аврамовиќ со 14 поени. Јокиќ одигра само 18 минути во кои оствари учинок од 6 поени, 7 скока и 4 асистенции. Две од нив ФИБА ги издвои на социјалните мрежи.

Елмас со насмевка се врати дома

Во очи на репрезентативните обврски против Саудиска Арабија и Лихтенштајн, Елиф Елмас се обезбеди со клуб и тоа онаму каде што му беше најубаво. Во Наполи.

Врвна мајсторија во Бугарија, овој пат на Мајкон

Интересно беше колото во бугарскиот фудбал викендов, каде бележиме два лудница голови и тоа на презимиња идентични со двајца славни играчи од златната генерација на Интер. Првиот на Ето од ЦСКА Софија, а вториот на Мајкон од Левски Софија. Ова може на крај да биде прогласен и за гол на сезоната.

Каша попара пред гол на мечот Интер - Удинезе

Интер киксираше во 2. коло од Серија А против Удинезе со 1:2 и тоа после водство. Готови беа да израмнат во 69-та минута, ама настана таков карамбол пред гол, што веќе не се знаеше кој што прави со топката.