Англиски репрезентативец завршил во болница при пад од рекламно пано

Некогашниот капитен на Ливерпул Џордан Хендерсон кој е резерва во репрезентацијата на Англија, синоќа по големиот триумф 2:3 над домаќинот Мексико, пробал да прескокне една реклама за да слави со навивачите ама незгодно доскокнал и тешко се повредил. Селекторот Тухел изјавил дека Хендо е во болница и дека повредата била незгодна.

„Џордан падна и го повреди лактот. Изгледа прилично лошо. Во прашање е сериозна пвореда и никако не оди со оваа вечер тоа што не е со нас во соблекувалната. Докторот ми соопшти дека итно е префрлен во болница“, изјави селекторот на Англија Томас Тухел после натпреварот. 

6 јули 2026 - 10:45