Шпанија во судиско продолжение го урна сонот на Роналдо и Португалија

Актуелниот европски шампион Шпанија е нов четвртфиналист на Светското првенство откако вечерва со 1-0 ја совладаа Португалија. Јунак на црвената фурија беше Микел Мерино.

Шпанија и Португалија на стадионот во Арлингтон кај Далас одиграа натпревар на кој претпазливо повеќе мислеа да го сочуваат својот гол.

Со сите стандардни фудбалери на теренот, обете репрезентации пробуваа да пронајдат слаба точка во противничката одбрана.

Шпанците кои беа поголем фаворит пред почетокот на средбата, ја оправдаа таа улога и статистички и фактички. Имаа 15 шута наспроти 10 на Португалија од кои 6 во рамки на голот наспроти 3 на Португалија.

Немаше гол во првиот дел а во вториот се чекаше дури до судиското продолжение, во 90+1' минута резервистот Микел Мерино од Арсенал погоди по една брзо изведена акција по слободен удар на Шпанците.

Доволно да се победи силната Португалија и крај на сонот на Кристијано Роналдо дека може да стигне до единствениот пехар кој му фали во кариерата - оној од Мундијалите.

Шпанија ќе го чека подобриот од дуелот меѓу домаќинот САД - Белгија.

Ова беше и продолжување на неверојатната серија на Шпанија без пораз. Избраниците на Луис де ла Фуенте кој им донесе европска титула немаат пораз на дури 35 натпревари по ред!

Кристијано Роналдо останува уште еднаш без шанса да се бори за злато на Светско првенство, негово шесто рекордно по ред (со Меси и мексиканскиот голман Меме Очоа имаат по шест).

Португалците првпат на Мундијал се појавиле во 1966-та година и тогаш завршиле на 3. место. Во 1986-та завршиле 15-ти откако испаднале во групна фаза. Во 2002-ра беа 7-ми, во 2006-та 9-ти, како што завршија и во 2010-та.

Разочарување имаа и во 2014-та кога испаднаа во групна фаза. Во 2018-та во Русија стигнаа до осминафинале, во Катар во 2022 до 1/4 финале а сега испаднаа во осминафинале.

 

6 јули 2026 - 23:16