Белингем до навивачите: „Кажете им дека утре не одите на работа“

Апсолутно заслужено Џуд Белингем, бројот 10 на Англија беше прогласен за играч на натпреварот со Мексико. Даде два гола и беше главен јунак на триумфот пред 80.000 бучни мексикански навивачи. А на англиските им порача:

„Напијте се уште по една и кажете им на шефовите дека утре не доаѓате на работа“.

Натпреварот Мексико - Англија се играше во 2 часот после полноќ по европско време односно во 01 часот после полноќ по британско време.

После дуелот Џуд Белингем го тешеше и му го подари својот дрес на малиот Жилберто Мора, најмладиот фудбалер на Светското кој има 17 години и игра за Мексико.

Супер натпревар на Ацтека, Англија со играч помалку оди во четвртфинале

 

6 јули 2026 - 10:25