ФИФА под притисок од Белата куќа неочекувано му ја укина автоматската забрана за настап на Фоларин Балогун од САД кој на дуелот со БиХ доби црвен картон. Така тој вечерва ќе може да игра против Белгија.
Јирген Клоп за ова вели: „Ајде само да кажеме: ова е наша игра, не нивна. Овие двајца (Трамп и Инфантино) кои немаат појма од фудбал, не смее да имаат ништо со тоа. Тоа беше црвен картон. Нема друг пат за тоа. Жалиме за Балогун зошто тој немал намера да го стори тоа“.
Белгиската фудбалска федерација веќе најави жалба на оваа одлука на ФИФА, нивниот селектор Руди Гарсија изјави дека „тој не знаел дека Први април е на 5-ти јули во календарот на ФИФА и дека белгиската федерација го брани фудбалот, неговиот интегритет и етика“.