Интересно тогаш славеше Партизан во Скопје а неколку месеци претходно во Белград Работнички стана единствениот тим кој ги совладал „црно-белите“ на гостински терен па двата тима забележаа по триумф.
За Партизан предводен од младиот Жељко Обрадовиќ, тогаш во Скопје меѓу другите играа Предраг Даниловиќ (18 поени), Александар Сале Ѓорѓевиќ (20 поени), Иво Накиќ и Славиша Копривица (12 поени), а за Работнички Петар Наумоски кој со Марко Ивановиќ беа најефикасни во скопскиот состав со по 17 поени.
Партизан го освои првенството на Југославија, Купот на Југославија и стана европски шампион. Работнички таа сезона имаше одличен состав и заврши на високото трето место зад големите ривали Партизан и Црвена звезда.