Овој натпревар носи директен дуел меѓу двајца фудбалери кои се национални херои и кои обележаа една фудбалска ера.
Лионел Меси (39) и Мохамед Салах (34) се на залез на своите кариери. Аргентинецот веќе најави дека ова веројатно ќе му биде последно Светско првенство а Салах уште не се огласил по тоа прашање.
Капитенот на Египет постигна неверојатно и лудо храбар гол од пенал изведен со паненка во пенал серијата со Австралија во претходната рунда кога „кенгурите“ промашија два пенали и „фараоните“ отидоа понатаму.
Меси е актуелен светски шампион и тој е најдобар стрелец на Светските првенства во историјата, најдобар стрелец со Мбапе и Халанд во моментов на Мундијалов.
За Салах наративот е поинаков. На неговото трето Светско првенство со Египет, првпат стигна до нокаут фазата и првпат ќе се бори за четвртфинале. Египет за првпат во историјата е во осминафинале.
„Фараоните“ изгубија во финалињата на Африканскиот Куп на Нации во 2017 и 2021 кога Салах беше во составот и сè уште е без голем трофеј со својата репрезентација.
Сега со неговата луда паненка на пенали против Австралија му помогна на Египет да оди понатаму.
АРГЕНТИНА СОНУВА БИКАМПЕОНАТО
Најчесто споменуван збор во аргентинските медиуми деновиве е 'bicampeonato' или во превод освоени две Светски првенства едно по друго.
Лео Меси и Аргентина тргнуваат по подвигот кој го направиле само Италија (1934 и 1938) и Бразил (1958 и 1962) со одбранет светски пехар.
18 ديسمبر | التاج لا يتسع لرأسين 👑 pic.twitter.com/NVmMgKeXjg
— 10 (@messivibe) November 17, 2024
Но од друга страна Аргентинците се свесни и дека ден за ден, се ближи крајот на кариерата во репрезентацијата за Лионел Меси, нивната најголема икона со Марадона во историјата.
Лео игра сјајно Светско првенство и со 7 гола е прв стрелец со Мбапе и Халанд. Рекордер е со мексиканскиот голман Меме Очоа и со Кристијано Роналдо со одиграни дури 6 Светски првенства. Драмата со дебитантот Зеленортски Острови уште повеќе ја обедини земјата да се фокусира на Мундијалот.
Меси игра како да има 25 а не 39 години. Само 4 гола од 11 на Аргентина на Светсково не се на Лионел, а неговите двајца партнери од нападот Лаутаро Мартинез и Хулиан Алварез повеќе играат за својот капитен.
САЛАХ Е ГОРДОСТ, РАДОСТ, ИНСПИРАЦИЈА
Мохамед Салах е многу повеќе од фудбалер во Египет. Тој е гордост, радост, инспирација. Тој инспирира милиони Египќани секој ден. Неговата приказна, од малото село во провинцијата Нагриг до најголемата светска фудбалска сцена го прави секој Египќанец горд.
Мо покажува дека со напорна работа и со верба се е можно. Луѓето кои во Египет го гледаат, чувствуваат надеж, не само во фудбалот туку и во животот.
Што го прави Салах уште повеќе посебен е неговата личност. Тој е скромен, смирен и почитува. Без разлика колку е голем тој никогаш не заборавил од каде дошол. Секогаш го претставува Египет на најдобар можен начин и ова е нешто што во таа земја навистина се цени.
„Кога Египет ја победи Австралија во тежок натпревар кој го решија пеналите, целата земја ја живееше заедно секоја секунда“, вели дописникот на БиБиСи Мохамед Миткис и додава:
„Срцата лупаат побрзо, фамилиите се собрани и кога победуваме чувствувам една огромна прослава ширум Египет. Салах беше во центарот на тоа чувство - како лидер кој инспирира и дава доверба на секој.
Египќаните многу го сакаат. Тој ги обедини луѓето и ни даде моменти кои засекогаш ќе ги паметиме. Кога тој игра, можеш да почуствуваш како цела земја е зад него, горда и надежна.
За мене лично, Салах ми дава сила, трпение и верба. Не потсеќа секогаш да се трудиме и да останеме свои“.