Кристијано Роналдо со капитенска лента околу раката немаше ни намера да помисли дека треба да отстапи место на некој друг, помлад и во моментот посвеж играч.
Новиот центарфор на Милан Гонзало Рамош на претходните натпревари на Светското се покажа како одличен за играта на Португалците и даде клучен гол во триумфот против Хрватска 2-1. Ама селекторот Мартинез упорно со глава во ѕид му беше подреден на ветеранот Кристијано Роналдо кој играше од почеток до крај, без видлив учинок на теренот.
„Можеби сега Мартинез ќе сака да го стави Гонзало Рамош, но изгледа сака да сочува 0-0, не ја смени екипата. Рамош дојде од голем натпревар. Некои избори на Роберто Мартинез немаат баш смисла“, вели едниот коментатор од двоецот на португалската државна телевизија.
„Изборот е лесно да се разбере“, додава другиот низ насмевка и продолжува: „Не е натпревар да се игра со двајца напаѓачи, а кога Мартинез не сака да го извади Кристијано Роналдо дури ни кога се гледа дека не повеќе свеж, а и не може да биде, има 41 година... Не е дека се обидуваме да го убиеме“.
Дргуиот додава:
„Кристијано Роналдо вели дека ние го отепуваме и тие може да кажат дека ние го критикуваме, поентата е дека во португалската репрезентација не смее да има загарантирано место. Витиња не промаши додавање, го извадија, Бруно Фернандеш не игра добар натпревар, Гонзало Рамош одигра одлично против Хрватска, не влезе од клупата, тешко објасниво е ова, не можам да објаснам“.