За време на натпреварот Норвешка - Франција, познатиот руски коментатор од каналот Матч ТВ Георгиј Черданцев рекол: „Потврдено е и докажано со научни истражувања дека после паузите на средина од првиот дел иницијативата на 5-7 минути ја презема екипата која до тој момент не владеела со иницијатива“.
А вакви тврдења изнесува и други коментатори за време на Светското.
Дека научници го истражувале ова прашање уште е нејасно, но реномираните Опта и Атлетик го анализирале влијанеито на новото правило за време на натпреварите во групна фаза.

Ги набљудувале напаѓачките закани на екипите пред и после паузата за освежување (за вода) на Светското првенство и не пронашле значајни отстапувања во поголем дел од натпреварите.
Но нивниот примерок бил мал: плејоф натпреварите наметнуваат потреба за преиспитување на тие заклучоци. На 9 од првите 14 натпревари од првата фаза со 32 репрезентации, текот на мечот драстично се променил во рок од пет минути при што еден од тимовите преземал инцијатива.
Холандија му даде гол на Мароко после само 40 секунди од првиот контранапад по кратката пауза. Голот падна спротивно од текот на играта: африканскиот тим доминираше во текот на 15-те минути пред освежувањето. Јапонците ја искористија паузата да го сменат ритамот и да излезат во пресинг против Бразил. Неколку додавања и голот на Каисо Сано само 2,5 минути после паузата за освежување.

Толку му требаше и на Брег на Слонова коска да израмнат против Норвешка после втората пауза за освежување. Нешто повеќе на Англичаните против ДР Конго.
За промената на сликата на теренот после паузата зборуваат и многу стручњаци и сами учесници на Светското. Ова е втор по популарност наратив после обвинението до ФИФА за заработка на реклами од паузите.
Селекторот на САД Маурисио Почетино вели: „Мене не ми се допаѓа паузата за вода, таа го нарушува ритамот на игра“.
Дидие Дешам од Франција вели: „Ова (паузите) ја разбиваат играта на парчиња. Ако сте во силна позиција пред прекинот, после треба да почнувате се одново“. Такво нешто кажаа и Мбапе и селекторот на Белгија Руди Гарсија.
Германскиот репрезентативец Каи Хаверц вели: „Паузата раздразнува, посебно ако си имал две или три добри моменти и целиот импулс заминува со паузата“.
Амер Џамус од репрезентацијата на Јордан е уверен дека прекинот и засметал на неговата селекција на мечот со Австрија (1:3). Според него до паузата тие ја контролирале играта.
Легендата на Манчестер Јунајтед Рој Кин вели дека тоа е снобизам: „Ние сме во Америка, така? Како што знам ова е тајм-аут. Ние го сакаме фудбалот поради неговата динамика. А паузите го менуваат текот на игра, го уништуваат импулсот“.

Селекторот на Англија која во четвртфинале ќе игра против Норвешка и Халанд Томас Тухел вели: „Мене повеќе ми се допаѓа кога фудбалот оди по еден непрекинат тек. Постојан притисок се создава во долги периоди на игра а тој е тешко да се воспостави и да се одржи. Сепак токму тоа го прави фудбало поубав - а паузите за освежување не ускратуваат за тоа“.