Откако бурата после натпреварот меѓу Аргентина и Египет (3:2 после пресврт од 0:2) уште не стишува, најдобриот судија на сите времиња, легендарниот Италијанец Пјерлуиџи Колина кој веќе неколку години е шеф на судиите во ФИФА, ги брани одлуките на судиите на тој дуел.
Најголема контроверза предизвика голот на египетскиот напаѓач Мостафа Зико кој во 62' минута постигна гол но му беше поништен по гледање ВАР дека на зачеток на таа акција Марван Атиа направил фаул врз стоперот на Аргентина Лисандро Лопез така што го нагазил врз нога.
„После секој постигнат гол, ВАР ја проверува фазата на напаѓачки посед. Ако се идентификува фаул во изградба на акцијата и ако тоа имало влијание на голот, ВАР ќе побара прегледување снимка на теренот. Нема ограничена граница во растојание од голот и времето од инцидентот до самиот погодок“, вели Колина и додава:
„Веруваме дека фаул е фаул. Без разлика дали фаулот изгледа 'очигледен', ако судија не го види на терен, тогаш ВАР може да интервенира“.

Фрустрацијата на Египет, нервозата и фрлањето дрвја и камења по главниот судија и по ФИФА е и за тоа што не беше досуден фаул врз Мохамед Салах по еден старт на Хулиан Алварез, само неколку секунди пред победничкиот гол на „гаучосите“ во 92' минута.
Колина ја објасни детално и таа ситуација:
„Ако никаков фаул не е идентификуван во изградба на акцијата за голот, ВАР ќе го советува судијата да погледне. Да се стапне на противничка нога е фаул, без оглед на тоа што одбранбениот фудбалер кој прв ја допира топката и после прави нормален фудбалски контакт не направил прекршок. Исто вакво имаше и на крајот од истиот натпревар. Судијата и ВАР собата видоа нормален фудбалски контакт меѓу бројот 10 на Египет Мохамед Салах и бројот 10 на Аргентина Хулиан Алварез“.
Италијанецот го брани и интегритетот на судиите на Светско.
„Секако конструктивна дискусија за одлуките секогаш ќе биде дел од фудбалот, но неосновани обвинувања немаат место во нашиот спорт. Никој не може да го доведе во прашање интегритетот на судиите на Светското. Кога вакво нешто ќе се случи, може да испровоцира реакции што водат до закани кон нив и нивните семејства. Тоа не е во ред“.
„Еднакво, никој не смее да тврди дека судиите во ФИФА се под нечие влијание, па ниту од претседателот на ФИФА (Џани Инфантино). Тој секогаш покажувал полна поддршка за ФИФА судискиот тим и ние работиме со целосна независност. Судиите може да донесат чесни одлуки и исто како играчите и тренерите се трудат да го пружат најдоброто“.