Клоп раскажа како преговарале со Мбапе во приватен авион за да не ги видат

Веднаш по триумфот на Франција 2-0 над Мароко во осминафинале за пласман во четвртфинале, Килијан Мбапе притрча до отвореното студио на германската државна телевизија каде како стручен коментатор на Светското работи големиот Јирген Клоп. Се гушнаа, разменија по некој збор а Јирген и мафна на мајка му на Килијан која била голем навивач на Ливерпул.

Интересно пред натпреварот Јирген Клоп раскажал како тој го барал Мбапе кога бил тренер на Ливерпул. Раскажал за еден лет од Блекпул до Ница во Франција каде „целото семејство Мбапе слетало со приватен џет со пет соби или нешто така“.

Претставник или менаџер на Мбапе (27) е мајка му која води менаџерска агенција за фудбалери.

„Навистина сакавме да тргнеме до крај. Тогаш полетавме еден круг, зборувавме со семејството, јадевме добра храна“.

Клоп додаде и дека тие не сакале да ги видат како разговараат а на крајот состанокот испаднал бескорисен односно не паднал договор. Мбапе подоцна отиде во ПСЖ прво на позајмица со право на откуп од 180 милиони евра колку што Парижаните подоцна му платија на Монако.

Во ПСЖ најдобриот напаѓач на денешницата остана седум години, стана најдобар клупски стрелец во историјата па реши да замине во Реал Мадрид во 2024.

„Летавме еден круг. Беше фантастично. А после тој отиде во Париз“, се сеќава Клоп на разговорите кога бил тренер на Ливерпул а Мбапе играч на Монако.

59-годишниот Јирген Клоп девет години ги водеше црвените, им донесе пехар во Лига на шампиони и во Премиер лига.

Сега се очекува да стане нов селектор на Германија.

10 јули 2026 - 09:10