Избраниците на Дидие Дешам уште еднаш покажаа зошто се најголем фаворит на Светското првенство откако вечерва во Бостон доминираа против Мароко.
Французите имаа 22 шута (9 во рамки на голот на Буно), а Мароканците не покажаа ништо посебно и запишаа само 5 обиди од кои 1 во рамки на францускиот гол.
Триколорите од сам почеток наметнаа свое темпо, ритам кој противникот не можеше да го следи. Се редеа шанси пред голот на африканската селекција.
Килијан Мбапе во 27' минута тргна во соло продор а во противничкиот шеснаесетник го фаулираше Мазрауи. Чист пенал досуден од прва. ВАР собата ја гледаше епизодата и го потврди пеналот.
Но Мбапе го изведе можеби најлошиот удар од белата точка во кариерата. Шутираше млако а Буно лесно му го одбрани ударот.
Без голови се замина на паузата.
Во вториот дел шах-мат на Франција за само 6 минути, од 60-та до 66-та. Прво Килијан Мбапе го обели образот по промашениот пенал и со прекрасен погодок со пласирана топка ја доведе Франција во водство 1-0:
Само шест минути подоцна после ист соло продор, Усман Дембеле ги постави конечните 2-0 за Франција која оди во големото полуфинале:
А во полуфинале Франција ја чека подобриот од дуелот Шпанија - Белгија (петок 21 часот).