Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Славјето во Неапол од птичја перспектива

Чекаа од 1990-та и после долго исчекување го дочекаа моментот. Неапол синоќа не спиеше. Наполи и Елиф Елмас слават Скудето.

Пандев за Наполи

Неапол се тресе, ерупција во градот под Везув, се слави шампионска титула која што ја чекаа цели 33 години откако Марадона им ја донесе. Вечерва Наполи одигра 1-1 кај Удинезе на гости, доволно за и теоретски да го обезбеди скудетото. Прославата може да почне во градот за кој Горан Пандев даде точен опис во неколку реченици.

Голем гест на Лука Дончиќ по масакрот во Белград, ќе ги помогне семејствата на настраданите

Големата НБА суперѕвезда соопшти дека ќе ги покрие сите трошоци за погребните услуги за настраданите во страшниот масакр кој се случи во основно училиште во Белград и дека и натаму ќе ги помага сите блиски на настраданите.

Момент за историја, по Марадона Скудетото со Наполи го слави Елиф Елмас

Готово, вече е официјално. По 33 години Наполи ја слави титулата во Серија А после двете со незаборавниот Диего Армандо Марадона од кој деновиве на големо се вејат знамиња во Неапол. По Горан Пандев 2010-та со Интер, Елиф Елмас стана втор Македонец кој успеа да се искачи на тронот во италијанскиот фудбал. Честито мајсторе.

Навивачите на Партизан пред Реал Мадрид: „Да имаме почит кон жртвите“

Кошаркарскиот клуб Партизан вечерва го игра четвртиот меч од четвртфиналната серија со Реал Мадрид во која Белграѓани водат со 2-1 а се игра до три добиени. Во Србија е сеопшта жал за незапаметениот масакр во основно училиште, па во таква ситуација никому не му е до игра, навивање, прослава.

Во Неапол гори иако Наполи игра во Удине, Елмас чека титула

Ако некој помислил дека Наполитанците се оладиле во недела, згрешил. Ремито со Салернитана која им даде гол во 84-та минута само го одложи славјето. Наполи вечерва од 20:45 игра на гости кај Удинезе и со евентуална победа и теоретски ќе го обезбеди скудетото кое го чекаат 33 години.

Браво Амал, во Норвешка одамна немало ваков погодок

Во 5. коло од новата сезона во норвешката прва лига, Бодо Глимт со 2-0 го совлада Од и е прв на табела со 13 бода. На овој натпревар вториот гол го постигнал Амал Пелегрино, играч кој лани дал 27 погодоци на 25 меча, а сезонава веќе има 7 на 5.

Окереке vs двајца кутри дефанзивци на Милан

Милан излезе синоќа со втор состав против Кремонезе и извади 1:1 дури во 93-та минута. Младите дефанзивци Калулу и Тиау се ушептрљаа и се посрамотија во дуел со Нигериецот Давид Окереке кој го отвори резултатот.

Единствените добри потези на Роналдо во Ал Наср

Престојот во Саудиска Арабија на најдобриот стрелец во историјата на фудбалот за сега е познат само по баналности. По сите историски апсолутни рекорди, јавноста очекуваше Кристијано да го смири својот темперамент во полу-аматерската лига, но тој напротив таму прави скандали и од натпревар во натпревар го руши своето со децении градено реноме. Имаше неколку дриблинзи кои сепак вреди да се погледнат.

Голчишта на Мартинез и Чалханоглу, кој од кој поубав

Интер ја потопи Верона на гости со 0:6 и остана четврт на табела. Лаутаро Мартинез го понижи голманот со најслаткиот потег кога ќе ти се укаже ситуација еден на еден, а тоа што го изведе Турчинот, едноставно не се брани.

Коментатори урлаа, норвешкиот џин постави нов рекорд во Премиер лига

Фудбалерите на Манчестер Сити остварија важен триумф од 3:0 над Вест Хем Јунајтед во заостанатиот натпревар од 28. коло во Премиер лига и се вратија на лидерска позиција на табела. Халанд го оствари она што сите го чекаа.

Кадиз прими 5 парчиња од Атлетико, ама го даде голот на месецот во Шпанија

По петардата против Ваљадолид на гости, Атлетико со иста мера удри и дома против Кадиз и го помина на табела градскиот ривал Реал Мадрид. И покрај високиот пораз од 5:1, сепак за издвојување е проектилот на гостите, ремек дело на извесен Чоко Лозано од Хондурас.

Слукас даде луда тројка во Истанбул и избегаа директ во соблекувална

Кошаркарите на Олимпијакос победија 72:71 на гости кај Фенербахче со луд кош на поранешниот играч на турскиот тим, Костас Слукас и го вратија брејкот после домашниот пораз. Сега водат 1-2 во серијата во кој и следниот меч се игра во Истанбул. Слукас веднаш штом постигна тројка заедно со соиграчите истрчаа во соблекувална и таму славеа.

Навивачите на ПСЖ излегоа на протести и удрија жестоко против Меси

Прво им сметаше Мбапе бидејќи наводно бил во преговори со Реал па го свиреа на стадион, сега им се сипаа и на Меси и Нејмар и тоа со погрдни зборови, мислиш направиле трансфери во најомразениот ривал.

Првата фудбалска снимка од детството на Мегваер

Легендата вели дека после оваа снимка Фергусон ангажирал скаути да го следат неговиот развој. Уште од мал се двоел меѓу врсниците.

Како денес изгледа Бразилецот Аилтон?

Во последно време многу популарни се лигите во кои играат легендарни ветерани. Во 2004-та година сензационален шампион во германска Бундеслига стана Вердер Бремен а лидер и прв стрелец на таа екипа беше Бразилецот Аилтон со дури 28 гола. Отсекогаш важеше за буцко кој има феноменална лева нога, а таков е и денес, цели 19 години по таа култна шампионска титула.

Се собрале другари за 1 мај да играат фудбал

Па се докажувале кој е најмногу пијан. Го имаме победникот.

Фергусон еднаш му нудел на играч 100.000 фунти да батали фудбал и да си оди дома

Легендарниот тренер кој освои голем број трофеи во кариерата како предводник на Абердин и Манчестер Јунајтед, има толку анегдоти од своите фудбалски патешествија, што од нив може да се изведат филмови, серии, книги.

Френк тренериштето

8 порази и 2 нерешени со Евертон, па 6 од 6 со Челси. И тоа против големи екипи како Брентфорд, Брајтон, Вулвс, Саутемптон, па пак Брајтон, Вулвс, два пати Борнмут и така. За сега има тренерска кариера од соништата. Како Гери Невил.

Бекот кој беше јунак со Италија на Светско, го израдува градот со 44.000 жители со пласман во Серија А

Нема Италијанец кој не ја памети шампионската прослава на Фабио Гросо која со години се прикажува на најавните шпици. Прослава вредна светска титула. Овој малку подзаборавен лик, повторно стана актуелен.

Карвахал од Реал уште не излезен од терен, пишувал на Инстаграм

Реал Мадрид доживеа уште еден пораз во шпанска Ла Лига откако синоќа со 2-0 изгуби од Реал во Сосиедад. Домашниот состав со нови три бода се зацврсти на место кое води во Лига на шампиони, а Реал денес би можел да го загуби второто место на кое цели Атлетико Мадрид кој има два бода помалку но и меч помалку. Дани Карвахал во 61-ва минута доби втор жолт картон и само три-четири минути подоцна објави смајли на Инстаграм од соблекувална.

Пука тиквата меѓу ПСЖ и Меси, Аргентинецот казнет и отстранет од тимот

Помалку (не)очекувано, доаѓа до сериозно ладење на односот меѓу Пари Сен Жермен и светскиот шампион Лионел Меси. Поради тоа што пропуштил тренинзи со екипата и без дозвола од клубот отпатувал во Саудиска Арабија, Меси е казнет од управата.

Жоел Ембид е нов МВП во НБА, со солзи ја проследи веста

Центарот на Филаделфија кој го пропушти првиот дуел со Бостон Селтикс во полуфинале на Истокот кога неговите победија предводени од Харден, синоќа дозна дека е прогласен за најкорисен играч во лигашкиот дел на НБА.