Емотивно видео со внука и дедо на „Сантијаго Бернабеу“

Шпанците се луди за фудбал. Страста која оваа земја ја има за овој спорт е безгранична. Најголем доказ за ова е едно видео кое кралскиот клуб го објави. Млада навивачка на Реал Мадрид го однела својот 85-годишен дедо на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“. Дедото пресреќен. „Денес ако починам ќе починам како среќен човек. Не можам да го издржам ова...“, рекол дедо Мигел.

5 септември 2023 - 13:56