КАНАДА - СЛОВЕНИЈА 100:89 (26:24, 24:26, 30:21, 20:18)
CANADA ARE GOING TO THE SEMI-FINALS 🔥#FIBAWC x #WinForCanada 🇨🇦
— FIBA Basketball World Cup 2023 🏆 (@FIBAWC) September 6, 2023
Дуелот меѓу фаворитот за медал Канада и Словенија предводена од Лука Дончиќ донесе израмнет прв дел. Предводени од ѕвездата на Оклахома Сити Тандер Шај Гилџес-Александер, Канада го доби првиот период 26:24, а со идентичен резултат „змајчеки“ ја добија втората четвртина.
На полувреме 50-50 со две одлични партии на гореспоменатите ѕвезди.
Веќе на почеток на вториот дел Канаѓаните први се одлепија резултатски, го затворија својот кош а на противничка половина доминираа Ер-Џеј Берет, Нил Александер и Шај Гилџес.
Dear RJ, WOW 😱#FIBAWC x #WinForCanada 🇨🇦 pic.twitter.com/5OqazJoF1M
— FIBA Basketball World Cup 2023 🏆 (@FIBAWC) September 6, 2023
Токму во трета четвртина Словенците влегува во директен дуел со судиите и ја коментираа буквално секоја нивна одлука, како оние кошаркари на паркет така и на резервните од клупа.
Лука Дончиќ доби техничка грешка што дополнително го изнервира па пцуеше и по судии а со рака покажуваше гест на пари кон челните луѓе од ФИБА на трибините со сугестија дека „некој е потплатен“.
Дилон Брукс, најиритантниот кошаркар во цела НБА кој успеа да го испровоцира дури и Леброн Џејмс, му се залепи како фластер на Лука Дончиќ и со ситни фаули постојано го провоцираше.
LUKA DOESN'T MAKE SENSE 🤯#FIBAWC x #WinForSlovenia 🇸🇮 pic.twitter.com/E7fCC8LcZ5
— FIBA Basketball World Cup 2023 🏆 (@FIBAWC) September 6, 2023
Суперѕвездата на Далас Маверикс доби втора техничка грешка и исклучување во 34' минута така што Словенците без својот лидер бркаа негатива од 14-15 коша.
Во еден момент „змајчеки“ се вратија на -9 и бодрени од публиката во Филипини но немаа сили за приклучок.
Канада на крај имаше 31/53 за два и 11/24 за три. Словенија 25/53 за два и 15/28 за три. Најефикасен беше Шеј Гилџес-Александер со 31 поен (7/8 за за два), 10 скока и 4 асистенции. Голема поддршка имаше од РЏ Барет кој уфрли 24 поени (најмногу досега за него на Светското) со 9 скока и Никеил Александер-Вокер со 14 поени.
Кај Словенија Лука Дончиќ уфрли 26 поени со 4 скока и 5 асистенции. Клемен Препелиќ запиша 22 поени со 5 скока и 3 асистенции. Ветеранот Зоран Драгиќ постигна 10 поени со 4 скока и 1 асистенција.
Полуфиналните дуели се на програма во петок. Од 10:45 Србија игра со Канада а од 14:40 САД со Германија. Дуелот за трето место е закажан за недела од 10:30 а финалето исто во недела од 14:40.
Со денешните исходи познато е и дека Србија и Германија обезбедија пласман на Олимписки Игри 2024 во Париз.
Покрај нив сигурно учество обезбедија и Франција, САД и Канада (како најдобри од Америка), Јужен Судан (најдобра екипа од Африка), Јапонија (најдобра селекција од Азија) и Австралија (најдобро пласирана од Океанија).
Останатите четири учесници за кошаркарскиот турнир на ЛОИ2024 ќе се добијат по квалификациските турнири кои ќе се играт од 2-7 до јули следната година. Учесници на тие квалификациски турнири ќе бидат Ангола, Бразил, Грција, Грузија, Доминиканска Република, Египет, Шпанија, Италија, Брег на Слонова Коска, Латвија, Либан, Литванија, Мексико, Нов Зеланд, Порторико, Словенија, Филипини, Финска, Црна Гора, Бахамски острови, Бахреин, Камерун, Полска и Хрватска.
24 екипи ќе бидат поделени во 4 турнири и победникот од секоја турнир ќе обезбеди олимписка виза.