Им пишал Бориша Симаниќ, кој мораше да се соочи со вадење на бубрег на операција, која му ја направија после ударот со лакт на мечот против Јужен Судан.
„Момците добар сум, да победите денес“, гласела пораката на Симаниќ кој на тој начин внесол позитивна атмосфера во националниот тим.
Бориша утрово стана и ни ја испрати првата порака откако е во болница. Само ни напиша: `Момци добар сум, да победите денес. Тој е дел од овој тим, целиот овој турнир е за него. И покрај се што му се случи, тој имаше сила да ни ја испрати таа порака. Не спиевме поради него. Со таа порака ни донесе нешто позитивно и му благодарам за тоа“, рече капитенот Богдановиќ после големата победа над Литванија.
Никола Јовиќ:
„Чувството е сјајно и уште подобро затоа што сите покажавме колку можеме да одиграме заедно. Пред се во одбраната, сите го видоа тоа. Многу ми е драго за Бориша, кој ни испрати порака за прв пат. Му посакуваме да се опорави и го сакаме како брат“.
Алекса Аврамовиќ:
„Поразот дојде во вистинско време. Удривме на земја и се кренавме. Литванија е во топ 3 селекции на турнирот, но некој мораше да испадне. Имаме два чекора пред нас, влеговме во борба за медал. Сакаме да ја израдуваме земјата. Секој момент е за Бориша“.