Жестоки горештини на УС Опен во Њујорк. Со 35 до 28 степени Целзиусови времето не е баш идеално за тенис. Барем не во оние термини кои организаторите ги ставаат, веројатно водејќи се од заработката за тв права па да се адаптираат на поголема публика ширум светот.
После мечот на Медведев со Рубљов, првиов изјави дека ова биле најсуровите услови за тенис во кои некограш играл во кариерата. Заедно со оние во Токио на Олимписките Игри кога исто тенисери и тенисерки паѓаа во несвест од топло и влага.
Медведев додека губеше во третиот сет се пожали до организаторите. Додека се ладеше со мраз и студена вода рече: „Некој играч ќе умре, па тогаш ќе видат...“
Daniil Medvedev on the conditions in his match against Andrey Rublev:
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) September 6, 2023
“One player is gonna die. And they’re gonna see.” pic.twitter.com/zQhXWmdGQU
Во второто четвртфинале Карлос Алкараз со 3-0 го совлада Александар Зверев по сетови 6:3, 6:2, 6:4. Медведев ќе игра со Алкараз а во второто полуфинале Ѓоковиќ ќе игра со големото изненадување, младиот Американец Бен Шелтон.