Во групата А од Европското првенство Италија и Србија имаат по 12 бода, обете имаат четири поени повеќе од Германија која што сигурно е третопасирана, така што меѓу овие две репрезентации ќе се бара ривалот за 1/8 финале.
Италијанците вечерва го играат последниот меч од групите, со Германија.
Италија е еден од домаќините на Европското, игра во Бари пред своја публика, така што најдобро по нашите одбојкари е да се избегнат аѕурите.
Македонија вечерва со евентуален триумф против Чешка сигурно ќе оди на Србија во 1/8 финале, а тоа е поприфатлив ривал од Италија која што е главен кандидат за злато заедно со Полска.
Третиот од нашата група (Македонија или Чешка) ќе оди на вториот во групата А, а четвртиот ќе оди на првиот од оваа група (Италија).