Германија е нов поуфиналист, Шрудер шутираше 4/26

По негативниот учинок на Богдан Богдановиќ со Италија во групна фаза (1/13 за три), сега го надмина Денис Шрудер кој постави негативен рекорд 4/24. Германците имаа водство во текот на цела четврта четвртина но за малку поради очајниот Шрудер Летонија ќе се избореше за продолженија.

Во неизвесна завршница, Германија ја совлада Латвија 81:79 (13:16, 23:18, 26:25, 19:20). Германија во еден момент имаа водство од 74:60 но со самоволието на Шрудер (ЛА Лејкерс) за малку ќе ја прокоцкаа предноста.

Латвијците се изборија за приклучок и дури имаа шут за победа но нивниот лидер Давис Бертанс промаши.

Германците и натаму се непоразена екипа на Светското, запишаа шести триумф по ред и ја спречија френетично борбената Латвија да стане првиот дебитант на Светско кој стигнал до полуфинале.

Германија во борба за големото финале ќе игра против САД во петок. 

Најефикасни кај Германците беа Франц Вагнер со 16 поени и 8 скока, Андреас Обст додаде 12, Мориц Вагнер 12 а одлична партија имаше и Јоханес Тиман со 10 поени и седум скока.

Денис Шрудер, кошаркарот на ЛА Лејкерс шутираше мизерни 4/26 што е нов негативен рекорд на Светските првенства. За три поени имаше 0/8.

Кај најпријатното изненадување на Мундобаскетот прв поентер беше Артурс Жигарс со 24 поени и 8 асистенции а Давис Бертанс уфрли 20 поени. Роналд Шмитс беше трет двоцифрен кај Летонците со 14 поени и осум скока.

По сензациите против Франција и Шпанија, по триумфот над Бразил, Латвија не успеа да елиминира уште еден фаворит.

Избраниците на Гордон Херберт одат на најтешкиот ривал на Светското, САД. Од 14:45 се игра дуелот Канада - Словенија а Србија го чека подобриот од овие две селекции во второто полуфинале.

6 септември 2023 - 12:42