Холандија важи за една од селекциите кои се вбројани за самата завршница, фаворит во нашата група заедно со Полска. „Лалињата“ тоа го докажаа синоќа со триумфот од 3:0 против нашата селекција.
Овој натпревар селекторот Јошко Миленковски го искористи за да во последните моменти од мечот му даде шанса на Тоше Ефремов кој со само 15 години стана најмладиот играч кој некогаш заиграл на Европско првенство!
Ефремов е член на одбојкарскиот клуб Струмица, игра на позиција примач а бескрајно драгоценото искуство од ова Европско првенство и дебито со силната Холандија ќе му помогне во понатамошниот дел од кариерата кога треба да стане важен дел од репрезентацијата.
На дуелот со Холандија македонските одбојкари играа без капитенот Никола Ѓорѓиев кој претходно доживеа повреда на грбот па лекарскиот тим, селекторот и капитенот решиле тој да биде поштеден за дуелот со Чешка.
Натпреварот Македонија - Чешка се игра вечерва од 20:00 часот.
Два нови светски рекорди поставени на Европското во Скопје