Шпанците ни гостуваа на квалификациска за СП 2018 со страшен состав во формација 4-3-3: Де Хеа, Карвахал, Рамос, Пике, Алба, Бускетс, Иниеста, Силва, Иско, Тиаго Алкантара и Диего Коста.
Игор Ангеловски на селекторот Хулиен Лопетеги му одговори со 3-5-2: Димитриевски, Тошевски, Мојсов, Шиков, Ристевски, Алиоски, Ристовски, Стјепановиќ, Спировски, Несторовски, Пандев.
Како голем фаворит, Шпанија славеше 1:2 со головите на Силва и Коста, а намали Стефан Ристовски со топовски удар по крило.
Моментот за паметење на Елмас се случи во 46 минута, кога Мрме го пушти во оган талентот на Работнички против големите ѕвезди на само 17 години.
Фатих Терим го сакаше во селекцијата на Турција, но Елмас реши да ја претставува својата земја.
Не само што немаше трема, туку им одигра храбро и самоуверено, како да му е 51-ви настап, кој инаку ќе го има во сабота против Италија.
Обрнете внимание на 0:32 како му се загради и му ја зема на Иниеста, потоа на 1:33 и 2:02.
„Македонија доби голем бисер во него. На тие години да одигра така против толку голем противник и да внесе свежина во играта е неверојатно. Мислам дека Елиф Елмас и Кристијан Тошевски кој доби прилика да дебитира вечервва се голема перспектива на репрезентацијата“, рече тогаш Ангеловски за дечкото кој шест години подоцна ќе стане шампион на Италија.