Како во Холандија се средува стадион за и после концерт?
Додека во земјава единствениот нормален стадион не можат да го одржат како треба и мака мачат со тревникот, на најубавиот холандски стадион „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам во 24 часа сè било организирано за концертот на U2. Имало 120.000 посетители. После само неколку часа стадионот и тревникот на стадионот на Ајакс се вратени како ништо да не било.