Литванија и Германија се единствен непоразени селекции на овогодинешниот Мундобаскет. Литванците играат во транс, поддржани се на далечниот Исток од неколку стотини нивни навивачи, а по историскиот триумф над САД, сега ги чека стариот познаник Србија.
Овие две селекции одиграа неколку историски натпревари на Европски и Светски првенства, како и на Олимписки Игри. Се паметат големите дуели на гигантот Сабонис со Предраг Даниловиќ и Владе Дивац.