Ѓоковиќ израдува македонски навивач со автограм на знамето
Со 6:1, 6:4 и 6:4 во три сета, Новак Ѓоковиќ ја мина и четвртфиналната фаза на УС Опен против Тејлор Фриц и во полуфинале ќе игра против Бен Шелтон. По завршувањето на мечот во Њујорк, на трибини се појави нашинец со знаме кој се усреќи со автограм од најдобриот тенисер во светот.