Offside

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Грне: Вардар е чиста љубов која ни со пари не се купува

„Сѐ најлошо што може да постои во фудбалот ние го доживеавме и преживеавме. Немавме топки, вода и услови за тренинг. Сѐ беше мачење. Секоја мака, секоја нервоза, дали ќе тренираме или не, а имаше денови кога не трениравме, после ова вредеше“.

Ал Наср ја сврте од 0:2 на 3:2 со убав гол на Роналдо

Домаќините имаа негатива од 0:2 после 40 минути игра, но успеаа да се вратат со три гола од 44-та до 59 минута. Кристијано Роналдо лесно го доби дуелот против двајца и со одличен шут од работ на шеснаесетникот го реши мечот за конечни 3:2. На две кола до крај Ал Итихад останува лидер на табела со 3+ пред Ал Наср.

Совршено несовршениот шут на Џокер

Бошко Караџа, одличен познавач на НБА лигата, кој беше дел од Јутјуб подкастот „Стречерси“, преполн со анализи за американската кошарка, има да ви каже неколку поенти за чудото од Сомбор. Посебно за начинот на кој Јокиќ ја постигна една од тројките против Лејкерси на четвртиот и последен меч од финалето на Западот.

Каква фешта во италијанска трета лига со луд пресврт

Драмите во англиските дивизии за пласман во погорна лига во овој период од годината, не се ништо полуди од оние во италијанската фудбалска пирамида. Таму во баражот во Серија Ц за пласман во втора лига, Фоџа го изгубила првиот меч од Аудаче Черињола со високи 4-1. На реваншот им требало чудо. Водат 1-0 од 78-ма минута и даваат уште два гола, пазете: во 93-та и во 96-та минута за конечни 3-0 и вкупен резултат 4-4 па со гол на гости одат во четвртфинале од баражот.

Станал локален јунак на Исланд по овој гол од пола терен

На мечот од рана фаза на Купот на Исланд, Викингур Рејкјавик го совладал тимот на Грота со 2-1. Единствениот гол за гостите го дал Арнар Хелгасон во 20’ минута, еврогол од половина терен.

На Џиџи многу му значи Парма, не можеше да гледа пенал

Во последното коло од италијанската втора лига Серија Б, Парма со 2-1 ја совлада Венеција. Неколку кола претходно „млекарите“ обезбедија пласман во баражот за Серија А кој важи за еден од најтешките во цела Европа. Џиџи Буфон се врати на голот по кратката пауза и првиот погодок на неговиот тим од пеналот на Фран Васкез немаше сили да го погледне.

Па налет и пенал и гол, подобро да му ја пуштеше

На големиот футсал турнир Копа Америка во Парагвај, на мечот меѓу Аргентина и Бразил кој завршил 3:3, на крај имало пенал серија. Бразилскиот голман Диего Ронкаљо во еден момент одбранил страшен шут од Аргентинецот Лукас Боло ама поарно да примел гол после ова.

Спалети влета на девојачко

Супер спонтана и симпатична средба на Лучано Спалети и едно расположено женско друштво собрано за убав повод. „Сега ќе ме има секаде па жена ми ќе ми се налути“, се пошегува стратегот на Наполи. „Ти да не си спритзизерот“, му вели една од насмеаните девојки. 

Јокиќ се потсети на култната објава: „Сака ли некој на баскет“?

Најдобриот играч на светот во моментов според многу параметри, на прес-конференција после уште ден триумф над ЛА Лејкерс и вкупна победа од 4-0, беше расположен за муабет со новинарите.

Скромноста на Јокиќ кога го прашаа за Ѓоковиќ

Со оглед на тоа што и на двете големи ѕвезди и сонародници им престои можност за освојување на големи пехари, Јокиќ во НБА финалето, а Ѓоковиќ на Ролан Гарос, Џокер доби прашање дали ќе се слушнат со Новак. Одговори прескромно.

Леброн Џејмс во пар реченици го опиша Јокиќ: „Му спуштам капа, ѕвер е“

Денвер синоќа го победи ЛА Лејкерс 113:111 и со кошаркарски жаргон го изметлира ривалот со 4-0 во финалето на Западот за пласман во големото НБА финале. Одново неверојатна партија одигра Никола Јокиќ со 30 поени, 13 скока и 13 асистенции.

Што е со тројкиве на Јокиќ?

Не се чува овој човек. Кога мислиш дека на тој габарит кој делува тромаво треба да му најдеш чаре во рекетот, тој ќе те изненади со нешто друго или скроз трето. Погледнете му овие две тројки. Каква е оваа храброст и дрскост? Ги шутира како за добро утро. Неверојатен лик за кој Кевин Дурант отворено кажа дека ќе стане еден од најдобрите центри што некогаш допрел баскет.

Денвер ги збриша Лејкерси за историско финале, нов трипл дабл на Јокиќ и МВП награда

И покрај тоа што за едно полувреме им дадоа 73 поени од кои 31 беа на Леброн и водеа 15 разлика, Лос Анџелес Лејкерс едноставно во оваа финална серија не можеше да излезе на крај со Јокиќ и другарите.

Павков му ја спушти, Трајковски ја заврши и му донесе бод на својот тим

Македонскиот репрезентативец го спаси од пораз Ал Фејха во првата лига на Саудиска Арабија, две кола после оној еврогол од 40 метри.

Кој вели дека од љубов не се живее?

Додека Сергеј Самсоненко беше таму, сè беше идеално. Кога Русинот си замина, сè се распадна. Клубот на крај го помагаа Комити, нешто побогати симпатизери на клубот, но и поранешни асови. 12 месеци им должеа плата. Како и да е, успеаа. Вардар е симбол на Македонија и македонскиот фудбал. И жив е.

Лозари и Чкембари се пофалија со навивачка берба

По примерот од Италија каде прво во Удине, а потоа и во некои други градови, на навивачите на Наполи насилно не им беше дозволено да слават титула по туѓи градски улици, во неделата во Кавадарци поединци од навивачките групи Лозари Кавадарци и Чкембари Битола решиле да тргнат во лов по оние кои се дојдени со вардарови обележја.

Евролига да го менува системот и да батали Фајнал Фор

Кошаркарските стручни коментатори по финалето во Кануас беа едногласни во ставот дека челните луѓе на Евролига треба сериозно да размислат да го укинат Фајнал Форот и да воведат систем како во НБА финалето каде би се играло до неколку добиени меча по принципот дома-гости.

Најдобриот играч на Фајнал Форот го расплака тренерот на Реал Мадрид

Високиот и снажен Еди Таварес, еден од најзаслужните што Реал Мадрид стигна до 11-ти европска титула, доби МВП награда за играч на финалето. И покрај тоа што мечот резултатски го скршија ветераните Серхио Чачо Родригез и Серхио Љуљ, сепак Таварес уште од дуелите со Партизан и Барселона, на грб го носеше Реал.

Ново голчиште на Суарез за Гремио

За легендарниот напаѓач на Ливерпул и Барселона, не се ништо 36-те години. Во 2023-та веќе има 14 гола на сите натпреварувања од кои неколку му се евроголови. Со Гремио славеше 3:1 против Интернасионал. Погледнете на каков начин го отвори резултатот по само 7 минути игра.

Комичен момент на Вест Хем - Лидс, Алардајс му нудеше 5 фунти на судијата

Лидс Јунајтед проба со пар тренерски смени да ја размрда екипата и во финишот од сезоната да избегне испаѓање во втора лига, но веројатно тоа сценарио не им бега. Во неделата изгубија 3-1 на гости кај Вест Хем а на мечот имаше смешна сцена кога гостинскиот тренер Сем Алардајс нашол банкнота од 5 фунти па на комичен начин му ја нудеше на четвртиот судија.

Како изгледаше шампионската прослава на Манчестер Сити

На својот стадион „Етихад“ во неделата Манчестер Сити со прилично комбиниран состав го совлада Челси со 1-0 и после мечот ја прослави деветтата шампионската титула во својата клупска историја.