Во фудбалската Про лига во Белгија, прв е Унион Сен Жилоа со 48 бода, втор изненадно и неочекувано најтрофејниот Андерлехт кој со години е во резултатска криза а сега освоил 42 бода на 20 меча. На четврто место е Генк кој со 34 бода конкурира за место во еврокуповите следна сезона и кој во својот штопер Марк Мекензи од САД го има најдобриот аниматор за навивачите.