Морлеј Сила е исфрлен од селекцијата на Гвинеја за престојниот Куп на нации, откако се скарал со селекторот поради дресот што го заменил со Винисиус.
По поразот на Гвинеја од Бразил од 4:1, одигран во јуни, Сила направил размена на дресови со Винисиус, но потоа во соблекувалната дресот мистериозно му исчезнал.
Прво почнал да го вперува прстот кон соиграчите, а потоа и кон селекторот Каба Диавара кого го обвинил за кражба.
25 годишниот играч од среден ред дури и побарал да се изврши темелен претрес во соблекувалната по што тензиите дополнително се зголемиле.
Обвинувања кон селекторот, Сила ги платил со суспензија од репрезентација, а на негово место бил повикан поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита.
Кеита летоска направи трансфер од Ливерпул во Вердер, но пропушти голем број на натпревари поради повреди.
Гвинеја е во група со Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и Гвинеја Бисао.