Таг: гвинеја

Стара, ама добра финта од индирект

На пријателска средба, Гвинеја, која е 76-та на рангот на ФИФА, на 8 позиции под нас, ја совлада Бермуда со 5:1, која котира како 171-ва фудбалска земја во светот. При резултат 4:1 си дозволија да експериментираат откако добија индиректен слободен удар. Голманот споменик.

Најнеобичното и најбанално бркање од репрезентација го има Гвинеја

Африканскиот Куп на нации стартува на 13 јануари. Фудбалер на португалскиот прволигаш Арука и репрезентативец на Гвинеја е изоставен од список поради бедна случка која не проаѓа ниту во маалски фудбал.

Што точно се случи во Гвинеја каде репрезентацијата на Мароко едвај спаси жива глава

Во Гвинеја минатиот викенд имало воен удар, преврат и промена на власта со вооружени судири и голема тензија. А сред главниот град квалификации за Светско првенство требаше да играат Гвинеја и Мароко. Гостите едвај излегоа до аеродром кој бил блокиран.

Остај ги ти Аргентинците, Мароко со војска ги штитеа да не загинат

Бурна неделна ноќ во мундијалските квалификации, ама најбурна во Гвинеја, каде гостуваше селекцијата на Мароко и едвај чекаше да фати џаде. Натпреварот беше одложен поради воен удар, а фудбалерите беа штитени со војници, наоружани до заби за да ги пренесат од хотел до аеродром.

Необичен навивачки колорит - убавината на Купот на Африка

Купот на Африка (пандан на Европско првенство) не е само чудни стадиони и специфичен фудбал, туку и необични навивачи какви што никогаш нема да сретнете на Европско или во Лига на шампиони.

Од НБА кошаркар до платен убиец во Уганда

Многу поранешни НБА играчи завршуваат во коцкарски долгови, се пијанчат, користат наркотици и водат неуреден живот. Но ниту еден не отишол до крај како Џон Брискер, кој се борел во Африка за пари.

Ебола го откажува Купот на Африка и клупското првенство

Мароко одлучи да крене раце од организација на Купот на Африка 2015, по што ФКА ќе решава дали тој ќе се игра воопшто во јануари. Загрозено и Светското клупско првенство, кое треба да се игра во декември во Рабат.

Интервју со човек кој преживеал ебола

Заебана болештина е тоа. Почнува како обична треска за по неколку дена да прерасне во кататонички грчеви а пациентот крвари од очите и ректумот. Вирусот убива преку 90 проценти од заразените. Пар зборови со еден од оние кои куртулиле.