На необичниот стадион во Белфаст има гостувано и македонска екипа

„Знаев дека ми е нешто познат клубов (не преку кладилници) и дека има играно со некој наш клуб. Па најдов, со Ренова 2011-та, на истиот тој стадион, па уште и на пенали играле“, ни пиша читател после статијата „Најчудниот стадион во Велика Британија“.

Се работи за првото квалификациско коло од Лига Европа во кое Ренова беше елиминирана од Гленторан на пенали. Вреди да се погледнат голчиштата на Ричард Кларк и Марти Мареј.

И секако самата статија за стадионот.

27 декември 2023 - 15:00