Најчудниот стадион во Велика Британија

Стадионот „Овал“ во Белфаст, Северна Ирска важи за еден од помистериозните фудбалски стадиони во Велика Британија. Еве и зошто:

Стадионот „Овал“ (The Oval) собира 26.500 гледачи но само 5.000 од тие места се седечки. Останатите стојат по целиот периметар на „чашата“ како што изгледа стадионот.

Имаат дрвена табличка на стадионот на која се напишани сите екипи со кој фудбалскиот клуб Гленторан, домаќин на овој стадион, играл во Европа. Гленторан е 23-кратен шампион на Северна Ирска кој редовно игра во квалификациите за еврокупови.

Овој стадион бил сериозно оштетен во германското „Блиц“ бомбардирање на Белфаст во Втората Светска војна и не се користел до 1949-та. Главната трибина на која може да се седи е изградена во 1953-та година. Стадионот добил уште една трибина со 2.000 седечки места но таа долго време не била безбедна.

Интересно на „Овал“ понекогаш се игра финале на Куп на Ирска. Стадионот се наоѓа близу аеродромот и близу пристаништето во Белфаст па често се гледаат и бродови и авиони додека трае фудбалски меч. Во 1966-та година во меч од европскиот Куп на Куп победници против ривалскиот Ренџерс од Шкотска тука се собрале 55.000 гледачи и таа е најголема рекордна посета.

 

 

 

 

 

 

 

 

26 декември 2023 - 13:16