Триесет и шест годишниот Новак Ѓоковиќ во 2023-та година освои дури 3 Гренд слема и ја заврши сезоната како прв на АТП ранг листата.
Во изборот на Л’Екип Ѓоковиќ убедливо го освоил првото место со дури 876 поени. Второто место му припаднало на францускиот пливач Леон Маршан кој добил 361 поен а на трето место завршил светскиот шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен.
Францускиот и најпознат европски спортски лист во образложение на одлуката вели дека Ѓоковиќ сезонава освоил седум трофеи од што три Гренд слема (Австралијан Опен, Ролан Гарос и УС Опен) и играше во големото финале на Вимблдон.
Србинот стигна до пехарот и на најелитниот турнир на најдобрите - Завршниот мастерс во Торино а дури осми пат во кариерата сезоната ја завршува на прво место на АТП листата.
Во својата неверојатна кариера Новак Ѓоковиќ освои дури 24 Гренд слем пехари!
Францускиот лист додава уште и дека српскиот тенисер во 2021-ва година исто беше прогласен за спортист на годината во нивниот избор од Л’Екип.
Што се однесува до женска конкуренција, прво место добила фантастичната американска гимнастичарка Симон Бајлс со 812 освоени поени, втора беше американската скијачка Михаела Шифрин со 709 поени а трета пливачката Кејти Ледецки која добила 446 поени.