
Основна мелодија е традиционален шпански мотив, гитарата. Меѓу луѓето кои се појавуваат во спотот е и еден од синовите на Рамос.
Трофејниот стопер кој што се не освои со Реал Мадрид, Шпанија и ПСЖ првпат запеал пред камера во 2011-та година кога снимил кавер на песната на шпанскиот пеач Canelita - A quién le voy a contar mis penas. Видеото за оваа песна има повеќе од 11 милиони прегледи.
Во 2018-та Рамос снимил песна и со познатиот пејач Демарко Фламенко под наслов «Otra Estrella en tu Corazon».
Серхио обожава да свири на гитара, па така во 2019-та година засвирел во една телевизиска емисија.
„Страст на Рамос е неверојатна. Тој ја разбира музиката, има за што да зборуваме, а исто има и прекрасен глас“, вели Мигел, главниот пејач на групата Los Yakis и додава:
„Ако го споредите со некој кој работи во музичката индустрија, неговиот вокал е многу подобар од повеќето современи пејачи. Оваа песна е снимена за Серхио“.