Муслиманите му замеруваат на идолот Салах што слави Нова година и Божиќ

Најголемиот египетски фудбалер на сите времиња Мохамед Салах е идол на исламскиот свет. Тој деновиве како и во претходните години во овој период им честита на навивачите католички Божиќ и спомена за жртвите во Секторот Газа. Големо огорчување во исламскиот свет предизвикало тоа што тој со семејството го одбележува Божиќ секој 25-ти декември.

Мохамед Салах е сакан и почитуван од сите љубители на фудбалот без разлика на нивната вера, националност, религија, политичка или етничка припадност.

Мо е голема легенда на европскиот фудбал а уште повеќе на африканскиот каде забележа неколку рекорди со својот Египет. Но во последно време има големи негодувања за неговиот избор да го одбележува најголемиот христијански празник Божиќ според грегоријанскиот календар на 25-ти декември.

На последната празнична објава на своите профили, големата суперѕвезда на Ливерпул додаде и црно-бела фотографија од елка.

„Божиќ е време кога семејствата се собрани и слават. Со бруталната војна која се одвива на Блискиот Исток, а посебно со загинатите и рушењето во Газа, годинава стигнавме до Божиќ со многу тешки срца и ја споделуваме болката со оние семејства кои ги жалат загубите на најсаканите“, напишал Мохамед Салах.

Во коментарите му порачувале да не заборава од која вера потекнува и многу го критикувале што славел христијански, католички Божиќ. Минатиот пат Салах исто честиташе Божиќ и објави симпатична семејна фотографија пред елка.

И предминатиот пат исто во 2021-ва:

И во 2020-та:

Салах доби критики од исламскиот свет и во минатото кога решил на денот на големото финале на Лига на шампиони да го прекине строгиот пост за Рамадан, го критикуваа што бакнал девојка за време на церемонијата доделување медали и други епизоди кои не им се допаѓаат на тврдокорните муслимани.

ВО ЗАПАДНИОТ СВЕТ БОЖИЌ Е ПОВЕЌЕ КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН ОТКОЛКУ РЕЛИГИОЗЕН ПРАЗНИК

Во Египет, родната земја на Мохамед Салах огромното мнозинство исповеда ислам како религија. Притоа се одбележува и Божиќ на 7-ми јануари кога милиони египетски православни христијани - Копти го слават најголемиот празник.

Во некои земји каде муслиманското население е доминантно покрај честитките за Божиќ до сонародниците христијани, се случува и да има украсени улици. Така на пример на почеток на 2000-те години во Малезија за Божиќ ги украсувале супермаркетите со сијалички и си разменувале подароци а Христијаните својот најголем празник без проблем го одбележуваат и во Турција, Либан, Иран и другите муслимански земји.

Сепак во западниот свет главната особина на Божиќ како културололшки феномен е да ги обедини семејствата и пријателите, а религијата не е во прв план. Во средината на 2010-те години, Институтот за јавно истражување (Public Religion Research Institute) и Religion News Service покажало дека Американците го гледаат Божиќ како обичен семеен празник а не како најголем верски христијански празник: речиси пола од испитаниците рекле дека попрво би виделе натписи кои посакуваат „Среќни празници“ наместо „Честит Божиќ“, а за секој четврти тинејџер Божиќ не бил поврзан со религијата.

27 декември 2023 - 11:09