Голот на Жота кој никој не ни претпоставуваше дека ќе му биде последен

2 април 2025 е датумот на кој Диого Жота го постигна последниот гол во кариерата и животот. Важен гол, преважен, бидејќи беше единствен за победа на Ливерпул на дербито против Евертон. Тој гол, прославен со страст, несвесно му стана последен. Постигнат е од играч кој секогаш се истакнуваше во големите моменти.

65 гола за Ливерпул
44 за Вулверхемптон Вондерерс
18 за Пасос де Фереира
9 за Порто
14 за португалската репрезентација

5 јули 2025 - 07:48