Offside

Да ги оставиме малку на страна Роналдо, Меси, како и мегаломанските фудбалски стории со милијарди. За крај на годината одиме со нешто наше, локално. Автентична селска идила со терен покрај куќи и борова шума. Фудбалот ги поврзува генерациите и создава силно чувство на заедништво.

Британски фудбалски хумор

Мајтапот што го тераат по британските стадиони го нема никаде на друго место. Хумор на највисоко ниво.

Терен потоп, судија вика играј

Натпреварот од фудбалската лига на Хонг Конг меѓу Ковлун Сити и Шам Шуи По си терал како да на теренот немало обилен дожд, град и грмотевици пратени со силно невреме. Вакви услови за фудбал имало и во саботата на дуелот Блекбурн Роверс - Ипсвич Таун па судијата и делегатите го одложиле.

Наградата за глума на годината оди кај Матео Гендузи

Фудбалерот од средниот ред на Лацио Гендузи на градското дерби со Рома добил црвен картон надвор од теренот по крајот од натпреварот. А претходно играше на терен и се посрамоти со еден обид да изглуми фаул.

Маркус Рашфорд во Јап Стам издание

Барселона го совлада Хетафе со 3:0. Рашфорд му асистираше на Олмо за третиот гол, а во еден момент демонстрираше и страшна желба и способност за игра во одбрана и тоа на добиен меч, на 5 минути до крај.

Шах-мат акција во три потези на Барса

Со двата гола на Феран Торес во прво и еден на Дани Олмо во второ полувреме, Барселона лесно се справи со Хетафе (3:0). Го издвојуваме првиот гол на мечот режиран од триото Рафиња - Олмо - Торес. Фантазија и атракција во три потези.

Два километарски роденденски спектакл на Чкембари

Битола синоќа сјаеше во боите на Пелистер. Навивачката група Чкембари прослави 40 години од своето постоење. Шоуто се одвиваше покрај реката Драгор со пиротехничко шоу во должина од 2 км.

Лудачки лоб и перфекција од волеј на Алкараз

Тенискиот Лејвер Куп е забава за гледачите во Сан Франциско, каде тимот на светот трета година по ред слави против тимот на Европа. Атракцијата број 1 на мечот ја имаше Карлос Алкараз на кој му се поклонија за поенов.

„Строј, а не број!“

Вардар и Работнички го одиграа јубилејното скопско дерби број 100. Славеа црвено-црните со 3:1, а главната улога на Градски ја имаа Комити кои блеснаа со нова, досега невидена кореографија во мак фудбалот. Го формираа бројот 1987-ма, годината во која се формирани како навивачка група со парола: „Строј, а не број!“.

Шмекерско лобче на Мартинели за голем бод на Арсенал

Имаа Манчестер Сити и Пеп Гвардиола водство на тешкото гостување кај Арсенал од 9-та до 93-та минута но на крај „топџиите“ спасија бод. Нововлезениот резервист Габриел Мартинели влезе во 83' минута а во 90+3' во судиско продолжение постигна прекрасен гол за поделба на бодовите.

Рома владее со Рим, „волчицата“ го победи Лацио

Рома го победи Лацио кој беше номинален домаќин попладнево на „Олимпико“ во Рим во првото римско вечно дерби играно во таков необичен термин од 12:30 часот. Рома славеше 0:1 со гол на капитенот Лоренцо Пелегрини кој прецизно шутираше од далечина во 38' минута на додавање на Матијас Суле. Во финишот на мечот фудбалерите на Лацио ги изгубија нервите па заслужено добија два црвени картони во рок од десет минути, прво Балајан а после Матео Гендузи надвор од теренот.

Голчиште на Мбапе, ама на Милитао е уште појако

Реал Мадрид славеше против Еспањол со 2:0 (без пенал) и со тоа го одржа перфектниот скор кој сега им е 5 од 5. Килијан Мбапе и Едер Милитао се отворија од далеку, посебно Бразилецот кој испрати проектил за сите пари.

Се запали македонската гол машина во Ренџерс

Бојан Миовски ја начна мрежата во дресот на Глазгов Ренџерс. Македонскиот напаѓач се израдува на деби голот за шкотскиот гигант на мечот против Хиберниан, во четвртфиналето од Лига купот кој заврши 2:0.

Бошко Ѓуровски се онесвести за време на комеморативен говор на Маракана

Во просториите на стадионот на Црвена звезда „Рајко Митиќ“ за време на комеморацијата за прерано починатиот некогашен капитен на Звезда Дејан Миловановиќ, на Бошко Ѓуровски му се слоши и ненадејно падна на подиумот. Сите присутни брзо реагираа а српските медиуми пренесуваат дека тој е добро и дека се опоравил.

Клоп се изнасмеа со дете кое навива за Манчестер

Легендарниот германски тренер на еден јавен настан каде бил гостин разговарал со деца фудбалери. Кога едно дете му кажало дека навива за Манчестер Јунајтед, Клоп се изнасмеал и му рекол: „Па ти бре шест години гледаш сра*е фудбал!“

Рацете потни кога сфати дека ќе го запознае Федерер

Жоао Фонсека е тенисер од Бразил, роден 2006-та, година во која неговиот идол Роџер Федерер го славеше четвртиот Гренд слем на Вимблдон по ред. Возбудата дека за прв пат ќе се сретне со него му ја кажа уште одма.

Најоткачениот голман се наоѓа во Индонезија

Мануел Ноер е познат по тоа што сака да води топка до центар. На Рожерио Сени слабост му беа головите. Овој има некоја трета жичка.

Дроби ли некој друг вака на 38 години?

1 минутна компилација со Лео, само од Интер Мајами, кој изгледа дека фудбалот му е како забава. Ќе го бараме овој човек.

Доби црвен, па го вратија, а тој дресот го даде во публика

На дуел од Купот на Русија меѓу Зенит и Ахмат Грозни кој домашните го добија 2-1, гостинскиот фудбалер Надер Гандри поради груб фаул добил црвен картон. Но судијата би повикан да гледа ВАР а Надер се помирил со картонот и додека излегувал од игра го фрлил дресот на едно дете во публика. Откако ВАР покажал дека нема црвен, детето му го вратило дресот. Надир го даде голот за гостите подоцна.

Пазете Вулверхемптон што искомбинирале од слободен во 2000-та?

Не постои ни жив ѕид, ниту голмам на светот кои можат да го предвидат ова. Ептен курнази излегоа. Ама скроз.

Што волеиште ќе беше ова?

Во петтата полска лига, на дуел меѓу анонимните клубови Орзел Забковице Шласки и Барич Сулов, гостинскиот играч Лукаш Богуславски дал гол кој ќе биде кандидат за најубав на сезоната во Полска, а ништо чудно и подалеку.

Најкомплетниот напаѓач во светот

Откако летото 2023 година замина во Баерн, ниту еден фудбалер не постигна повеќе голови во ЛШ од него. Зад неговата бројка од 21 гол моментално се Мбапе, Рафиња, Халанд, Левандовски. Фудбалската планета е свесна за тоа што Хари Кејн го носи во Баерн, а во исто време постигнува 30+ голови, како од шега.

Кина со стадионите е во 2050-та

Сте го виделе ли Хангжу Олимпик Експо центар? Ултра модерно здание со подвижен покрив и 80.000 седишта. Наменет е за фудбал и тенис. Чини 700 милиони евра.

Викенд на дербија каков што ретко се гледа

Претстојниов викенд на програмата се големи дерби дуели, 10 натпревари на кои ќе има зовриена атмосфера. Да почнеме со ред:

Супер амбиентот на Ајнтрахт Франкфурт кој го разби Галатасарај

Разликата во класи меѓу германската Бундеслига и турската лига беше очигледна на дуелот од 1. коло во Лига на шампиони. Ајнтрахт Франкфурт со 5-1 го совлада турскиот шампион кој цело лето купуваше милионски засилувања за да заигра конечно важна улога и во еврокуповите. Ама налетаа на расположен Ајнтрахт кој зад себе има сјајни навивачи.