18-годишник од Јужен Суден би можел да стане највисок играч во НБА

Џонгкуч Мак има 18 години. Настапува за Австралија каде се доселил со неговите родители од Јужен Судан. Во моментов е висок 2.29 сантиметри со голема веројатност да расне уште повисок. Има само два сантиметри помалку од рекордерот по висина во историјата на кошарката Манут Бол.

Џонгкуч Мак потекнува од народот динка од Јужен Судан. Тој е способен да забива практично без да скокне, без да се одразува. За таков необичен габарит е мошне подвижен и веќе го споредуваат со Виктор Вембанјама. За сега за него се заинтересирани некои универзитети од НЦАА но и некои НБА клубови.

Во моментов игра за екипата на Западна Австралија.

 

29 јули 2026 - 10:57