Најнеобичниот центар во Евролигата - Нигериецот за кој никој не знае што ќе направи

Жалгирис го доведе во своите редови најнеобичниот центар во европската кошарка Каодиричи Акобунду-Ехиогу. Тој во литванскиот гигант доаѓа од Цедевита Олимпија со која потпиша договор летово но со излезна клаузула во случај да го побара евролигашки клуб. Жалгирис плаќа обештетување за овој необиченц ентар.

Нигериецот Акобунду-Ехиогу има 26 години. Висок е 208 сантиметри, тежок 95 килограми и има распон на раце од дури 224 сантиметри. Но најчудна од се е неговата експлозивност и динамичност на таа висина.

Според достапните податоци, неговиот максимален одраз изнесува 122 сантиметри што е ист резултат кој Кион Џонсон го оствари на НБА турнир во 2021-ва година и кој претставува рекорд во оваа статистичка колона.

Акобунду-Ехиогу е единствен кошаркар за кој постои забележен допир на врвот на таблата, нешто што досега не е видено во кошарката. Овие физички предиспозиции го прават најатрактивен кошаркар во моментов меѓу евролигашите.

26-годишниот Нигериец со тие квалитети ги воодушевил луѓето од Далас Маверикс на Летната лига во НБА. На 5 натпревари забележил во просек по 6,4 поени, 2,4 скока и 1 блокада. Но статистиката не го покажала неговиот раскошен талент во целост.

Тој привлекол внимание на себе со начинот на кој го затвора просторот околу борчаот, ги менува шутевите на противникот и ги завршува акциите со алеј-ап додавања. Неговите атрактивни потези брзо се шират по друштвените мрежи а се поради комбинацијата на неговата висина, распон на раце и одраз. Во летната лига поради тоа го добил ептитот еден од најголемите атлетски феномени досега на тој турнир.

Но Акобунду-Ехиогу уште не е докажан играч на сериозно европско ниво. Претходната сезона играше во Манреса но со ограничена минутажа. Имаше во просек по 13 минути по натпревар на терен. Во Еврокупот забележа 4,4 поени во просек по натпревар со 2,4 скока и 1,6 блокади. Со висок процент на реализација од игра - 79.1 одсто. Во шпанската АЦБ лига имал во просек 4,8 поени по натпревар, 2,4 скока и 1,6 блокади.

Тој најчесто поентира со забивање или после втрчување, после офанзивни скокови и завршници откако ја презел топката во противничкиот рекет.

Затоа тој за Жалгирис е интересна инвестиција но и не баш сигурна. Тој уште не покажал дека може да игра важна улога подолг временски период, дека ќе може да се носи со физички далеку поснажни евролигашки центри.

Од друга страна неговата способност да го штити рекетот веднаш би можела да биде корисна.

Во Жалгирис тој ќе ѝ се придружи на силната центарска линија во која се Јонас Валанчијунас, Марек Блажевич и Ажуолас Тубелис. 

А ти можеш да го допреш врвот на таблата?

29 јули 2026 - 14:02