Хозимар Хозе Евора Диаз или накратко Возиња по блескавите одбрани на Светско првенство каде неговата репрезентација беше дебитант, си најде нов клуб. И тоа не кој било туку најтрофејниот чилеански клуб Коло Коло.
Летово договорот на голманот со португалскиот клуб Шавес истекол па тој оди во Коло Коло како слободен играч.
Возиња се прослави со ремито без голови против Шпанија во натпревар на кој новиот светски шампион не можеше ништо против голманот на Зеленортски острови.
„Возиња ќе биде играч на Коло Коло. Доаѓа деновиве во Чиле, ќе има лекарски прегледи и ќе има промоција на Естадио Монументал“, рекол првиот човек на Коло Коло Анибал Моса.
Интересно клубот од главниот град на Чиле Сантијаго ќе му даде дрес со неговото презиме на дресот без прекарот Возиња затоа што така налагаат правилата во чилеанската фудбалска лига. На дресот ќе му стои Евора Дијаз или само Дијаз.
Возиња стана култен херој откако бранеше херојски и на дуелот со финалистот Аргентина кога дотогашниот актуелен светски шампион во тој момент едвај се спасуваше во продолженија и победи 3:2.
