Самуел Ето во подкастот „The Bridge“, раскажа како додека бил член на Интер, една вечер брзал да стигне на забава во Париз.
Но вечерта имал натпревар, па откако постигнал хет-трик во прво полувреме, си заминал од стадион и отишол директ на аеродром.
Тренер во тоа време вели дека му бил Леонардо.
„Додека играв во Интер, еднаш требаше да одам во Париз да се забавувам со моите пријатели. Му реков на мојот тренер: „Лео, Линате (аеродромот во Милано) наскоро се затвора. Треба да си одам порано.“
„До 45-тата минута, веќе ќе постигнам три гола. Погрижи се тимот добро да се брани откако ќе си заминам.“
До 38-мата минута, постигнав три гола, бев заменет и отидов директно на аеродром.“, раскажува славниот камерунски напаѓач.
Но, има еден проблем. Официјалните записи имаат поинаква верзија на оваа тема.
Точно е дека Ето има постигнато хет-трик во Интер, а тоа е против Вердер Бремен во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2010/11.
Но, тој не бил заменет на полувреме, туку ги одиграл сите 90 минути.
Плус, тренер на тој меч не му бил Леонардо, туку Рафа Бенитез.
Клипов со ВИ да е направен? :)))