Како инвеститор во евентуална купо-продажба на акции на (пак евентуална) компанија на ФИФА се споменува Thrive Capital поврзана со семејството Трамп.
ФИФА им предлага на секоја од 211 фудбалски федерации на светот до 40 милиони долари за согласност. УЕФА остро го осуди овој план што го нарече „поткуп“ и се заканува со бојкот на Светски првенства.
Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека не знаела за овие планови. ФИФА правно би создала „ќерка фирма“, односно филијала со цел да го смени статусот од некомерцијална во комерацијална организација.
Главните ризици се конфликтот на интереси и антимонополното право. Односот меѓу ФИФА и УЕФА се разгоре жестоко за време на Светското првенство а кулминација беше бришењето на црвениот картон за фудбалерот на САД Фоларин Балогун откако Трамп телефонски разговарал со Инфантино.
Џани Инфантино размислува како да создаде одделна компанија за организација на Светски првенства и да ги продаде нејзините акции со поддршка на блискиот круг на Доналд Трамп.
На оваа вест од Тајмс реагирала европската фудбалска куќа УЕФА со закана дека европските селекции нема да играат Светски првенства во организација на таква нова компанија основана од ФИФА.
КОЈ ЈА ПОТЕГНАЛ ИДЕЈАТА?
Според Тајмс планот на ФИФА лежи во тоа да создаде компанија за управување со главните активи: машки светски фудбалски првенства и женски светски клупски првенства. Инфантино по тој повод се консултирал со луѓе блиски до администрацијата на Доналд Трамп.
Од ФИФА потврдиле: очекуваат дека инвестициската група ќе ја предводи компанијата Thrive Capital, неа ја основал Џошуа Кушнер, помлад брат на Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп за ќерка.
Џаред Кушнер е познат како мировен преговарач од страна на САД кој регуларно одеше на средби со Владимир Путин.
Според планот секоја од 211 национални фудбалски федерации и членки на ФФИА би добиле од 20-40 милиони долари.
Тајмс пишува уште дека планот на Инфантино бил да прати отворено писмо до секоја федерација и во него би пишувало: „Одлуката дали го прифаќате предлогот или не останува самостојно на вас. Ако сакате да го прифатите, пакет од 10 милијарди долари ќе стане достапен од 1-ви јануари 2027-ма што ќе го означи почетокот на нашиот заеднички пат. Ако решите да го задржите статус-кво и го одбиете овој предлог, ние сме спремни да ја рашириме програмата Forward на 2,7 милијарди долари. Севкупно во циклусот од 1 јануари 2027 секоја асоцијација-членка на ФИФА ќе може да добие до 40 милиони долари во рамки на овој предлог“.
Шефот на ФИФА наводно би им дал на федерациите 53 дена да размислат и да одговорат до средина на септември. Федерациите кои истапиле против зделки со надворешни инвеститори го нарекле овој предлог на Инфантино „чист поткуп“.
Извори на Тајмс утврдуваат дека после својот последен мандат Инфантино планира да биде назначен за комесар на таа нова компанија.
УЕФА грубо ја отфрла оваа идеја за продажба на Светското првенство: „Ја преминавте цртата која раководните органи на фудбалот никогаш не смеат да ја преминат. УЕФА се однесува кон ова со голема сериозност. Така се должни да постапат и сите национални фудбалски асоцијации. Така се должни да се однесуваат кон ова прашање и сите заинтересирани страни: лиги, клубови, играчи, навивачи, управи и секој кој мисли на иднината на фудбалот.
Душата и системот на управување со фудбалот не се тие активи со кои може да се тргува, особено при целосно отсуство на транспарентност и прашање кој ќе добие финансиска награда. Никој од нас не е владетел на фудбалот. И ФИФА нема права да го продава“.
Европските фудбалски федерации се спремни и да го бојкотираат Светското првенство ако пројде оваа идеја на Инфантино. УЕФА веќе планира и средба неделава по повод ова прашање.