Страшниот еврогол во 112-та минута кој го однесе Динамо Загреб понатаму
Динамо Загреб со голема доза на среќа го мина швајцарскиот првак Тун и се пласираше во 3. квалификациско коло во Лига на шампиони. Првиот натпревар минатата недела во Швајцарија заврши 1-1. На реваншот во Загреб Тун водеше 0-2 на полувреме, играше со играч помалку од 67' минута па Динамо за само 4 минути од 74-та до 78-ма израмни на 2-2. Во продолженијата во 112' минута Морис Валинчиќ постигна страшен еврогол за победа 3-2 и пласман понатаму на „модрите“.