Offside

После Германија, репрезентацијата на Турција е втор финалист на Европското 2025 откако во полуфинале ја нокаутираше Грција со 26 разлика!

Скромноста на родителите на Кореецот Сон

Капитенот на Тотенхем и лидер на репрезентацијата на Јужна Кореја, Сон Мин важи за еден од најпријатните фудбалери и за навивачите и за медиумите. Секогаш насмеан, коректен, фин, без ниту една дамка во кариерата. А веќе 10-15 години игра на највисоко ниво. Неговите родители синоќа дошле на стадионот меѓу навивачите, не барале место во ВИП ложа. После мечот дошле да му честитаат знаејќи колку долго сонува пехар со Тотенхем.

Да ви е Дончиќ во соблекувална друго ќе слушате

Тотенхем се израдува на прв европски трофеј после цели 41 година! Во големо финале на Лига Европа го победија Манчестер Јунајтед со 1:0 и прославија директен пласман во Лига на шампиони иако во Премиер лига завршуваат над цртата за испаѓање во втора лига. Најрадосен беше капитенот Сон кој со години гине за овој клуб и неколку пати беше близу да освои трофеј.

УЕФА тутурутки, им снема медали за Сон, Ромеро и Бентанкур

Гаф на УЕФА после финалето од ЛЕ. Ја утнаа со бројот на медали. И тоа немаше за најважните тројца играчи: Сон Мин (капитен на тимот), Кристијан Ромеро (најдобар играч на финалето) и Родриго Бентанкур (клучен играч во средниот ред). Од првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин место медали, добија само ракување. Кај 100 века чекаа за трофеј, овие медали немаа да им дадат, како да е ова маалски турнир во Горно Соње.

Тренерот на Тотенхем го одржи ветувањето

Интересно звучи фактот дека Анге Постекоглу пред неколку месеци изјави дека тој е тренер кој бере трофеи само од втората сезона во еден клуб па натаму. И така и бидна со Тотенхем.

Шесте тројки за историја со кои Арон Несмит го уништи Њујорк во последните 5 минути

Петмина играчи меѓу кои Кари и Богдановиќ, успеале да реализираат шест тројки во една четвртина на плејоф натпревар, ама на никој не му успеало тоа во последната четвртина. Арон Несмит е луд, тоа го направи во последните 5 минути од мечот со шест тројки по ред.

Комити до Седлоски: Вечер да си славиш на Јаја Паша

Навивачите на Вардар не можат да му простат на Гоце Седлоски што беше тренер на нивниот голем ривал Шкупи, особено што тоа е клуб чии навивачи убија Комита. Имаа остра порака и до него и до Миленко Неделковски.

Вардарци го истушираа Гоце Седлоски на прес

Изнамачениот ФК Вардар, конечно блесна во својот сјај. Го слави Куп трофејот после 18 години, откако во финалето на Градски ја совлада Струга Трим Лум со 2:0. Гачевски и компанија беа во делириум, ја прекинаа прес конференцијата и го избањаа нивниот тренер.

Индијана Пејсерс со луд кош стигна до продолженија и победа во Њујорк

Кошаркарите на Индијана Пејсерс во неверојатен меч славеа 138:135 после продолженија против Њујорк Никс и поведоа со 1-0 во финалето на Истокот.

Неверојатната интервенција на гол линија на Мики Ван де Вен

Во 68-ма минута од големото финале на Лига Европа меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед, Данецот Расмус Хојлунд при еден кикс на голманот на Спарс Гиљермо Викарио со глава гаѓаше во празната мрежа. Но младиот холандски стопер Мики Ван де Вен (24) направи животна интервенција, најдобра во неговата кариера и спектакуларно ја извади топката од гол. Практично го спаси Тотенхем од примен гол.

Тотенхем е во рајот, победа во големото финале против Манчестер Јунајтед!

Фудбалерите на Тотенхем ја спасија сезоната откако вечерва во историско финале го совладаа Манчестер Јунајтед со 1:0 и се пласираа директно во Лига на шампиони следната сезона. Јунајтед ја заврши катастрофалната сезона, најлоша во историјата на клубот.

Комити ја бојкотираа прославата и скандираа жестоко против Миленко

Најверната навивачка група на Вардар и новата управа, не успеаа да ги стоплат односите цела сезона. Напротив, бесот на Комити, кои инаку имаат 15% од акциите на клубот, вечерва кулминираше на Градски. Скандираа вулгарно против извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, а потоа во знак на протест го напуштија натпреварот на неколку минути пред крај и оставија порака.

Вардар слави на Градски, Купот на Македонија е црвено црн после 18 години

ФК Вардар конечно го прекина долгиот пост и после многу перипетии, сериозни финансиски проблеми и тонење на дното на табелата, слави важен трофеј кој му дава можност да се покаже и во Европа.

Каква е формата во првенство на вечерашните финалисти во Лига Европа?

Никаква. Едниве дури од 16 март немаат победа. Другите од 6 април. Чудно финале.

43. искачување на Титов Врв по повод 100 години ПК Љуботен

Во недела на 25-ти мај ќе се одржи традиционалното искачување на Титов Врв (2.747 метри надморска висина), највисокиот врв на Шар Планина и втор највисок во Македонија по врвот Кораб.

Фото на денот

Италијанската престолнина блескаше во полн сјај изминативе денови.

Сега Мегваер им чини, најдобар играч им бил

„Клупска легенда“, „Лидер, капитениште“, „Карпа над карпите“, „Играчиште, ти реков минатиот вторник кога се видовме“, се само дел од пораките кои навивачите на Манчестер Јунајтед му ги пратиле на нивниот толку многу критикуван стопер Хари Мегваер. Сега му праќаат видео-пораки преку клупскиот канал во Билбао каде го чека финале на Лига Европа против Тотенхем.

Брат брата не рани, тешко кој ги нема Џоб и Џуд Белингем

Наградата која што во 2020-та година ја доби Џуд Белингем суперѕвездата на Реал Мадрид, сега во англиската втора лига Чемпионшип ја добива 19-годишниот Џоб Белингем кој со голем успех игра за Сандерленд.

Ни Шведска не е тоа што беше

На натпреварот меѓу Гетеборг и Естерс во 10. коло од шведската прва лига кој гостите го добија 0-1, еден домашен навивач влетал во терен и со сета сила замавнал кон гостинскиот фудбалер Себастијан Старке Хедлунд. За среќа не го удрил. Пробал да кидне на трибини кај навивачите, но набрзо редари и полиција го нашле и го привеле. Добил 3-годишна суспензија од посета на фудбалски натпревари. Казнет е и клубот Гетеборг.

Син му на Кристијано Роналдо го даде првиот гол за Португалија

14-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор, дебитираше за репрезентацијата на Португалија У-15. На меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“ во Хрватска, Роналдо-мали влегол од клупа во 54' минута и постигнал дебитантски гол за Португалија У-15 во триумфот 4-1 против Јапонија. Го прославил се знае како.

Зошто Рафиња на колена го помина цел терен на Барселона?

Бразилецот Рафиња одигра спектакуларна сезона за Барселона и е меѓу најзаслужните што Каталонците освоија шампионска титула во Ла Лига. Тој е сериозен кандидат за Златна топка за најдобар светски фудбалер. По шампионската титула на Барса тој на коленици го поминал цел терен на „Олимпискиот стадион Монжуик“. Тоа му бил латино-американски ритуал во знак на благодарност до Бога. Го направил и еднаш во Лидс Јунајтед кога со гол ги спаси од испаѓање во втора лига.

1 минутна компилација од вечерашното финале меѓу Манчестер и Тотенхем

Не мора да го гледате вечер финалето од Лига Европа. Веќе излезе хајлајтс.

Муса Диаби во стилот на Јамал уште во 27 секунда

Ал Итихад го совлада Ал Шабаб на гости со 2:3. Меѓу стрелците го немаше Бензема, но затоа гол шоу приреди Муса Диаби. Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Баер и Астон Вила, се отвори со два прекрасни гола. За првиот ја распали душмански по само 27 секунди игра, а потоа многу умешно го измами голманот.

„Не сум јас кловн“

Меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем сезонава не се знае кој е помизерен. И едните и другите одиграа сезона за заборав, со порази до порази и катастрофални игри. Но некако се докопаа до финале на Лига Европа и вечерва во Билбао ќе се борат за пехарот и за пласман во Лига на шампиони. Синоќа на прес-конференција, познат новинар од Англија го прашува тренерот на Тотенхем Анге Постекоглу, „што мисли за тоа дека може да стане херој или да биде кловн“ после мечот.

Навивач на ПСВ се одземал од пиење, коњ не можеше да го разбуди

ПСВ прослави шампионска титула на ретко виден начин, во било која фудбалска лига. Абер немаше да го стигне Ајакс, ама овие во последните 5 кола победија само еднаш и ја загубија титулата во финишот. Навивачите на ПСВ се во транс. Овој не можеа од тротоар да го станат. Сателит е направен.