Шпанија го владее фудбалот. Само во последните четири години освои Лига на нации 2023, Олимписки игри 2024, Европско 2024 и Светско 2026. Кога овие успеси ќе се спојат со клупските, резултатот е надреален.
Нестварна последна четвртина одиграа кошаркарите на Денвер Нагетс против Портланд и со победа од 137:132 во продолженијата, врзаа серија од 9 триумфи во низа.
„Знам низ што минува Гатузо. Тој се чувствува виновен, но во 2006 година имавме генерација на феномени, кои сега ги немаме и треба да ги обновиме темелите. Зградите се градат од темел, а не од горе. Треба да интервенира и владата“.
На 5-ти април ПСВ Ајндховен и официјално и математички ја освои шампионската титула во Холандија за сезонава 2025/2026 и стана најбрз првак во топ лигите во Европа.
Ибаи Агире кој лани настапувал за Ц и Б тимот на Реал Сосиедад, викендов против Леванте дочека прв настап во Ла Лига на 19 години. Другарите за дебито му предија фешта пред куќа, која нема да ја заборави.
Женскиот фудбалски клуб Љуботен објави долго соопштение со кое се одјавува од фудбалот. Огорчени и оштетени од како што велат последните случувања на терените кои се неспортски, како и од одлуките на ФФМ.
Во жар на борбата, фудбалерите некогаш исклучуваат мозок и не размислуваат многу. Така на средбата меѓу Бурсаспор и Мардин 1969 Спор, гостинскиот фудбалер Мехмет Маниш собрал со опасен лизгачки старт и судијка, па нит да ѝ се извини нит да се сврти да види како е.
На дербито на источна Германија меѓу Динамо Дрезден и Херта Берлин во 19' минута од гостинскиот навивачки сектор се слушнале неколку детонации после што домашните навивачи насилно ја прескокнале оградата и влетале во терен. Реагирала полицијата да спречи судир. После 20-минутен прекин натпреварот продолжил а Херта Берлин со играч помалку од 66-та минута победила 0-1 со гол во 80-та минута.
На големо изненадување, сезонава конечно би можела да се урне хегемонијата на Лудогорец во бугарскиот фудбал. Екипата од Разград е шампион на Бугарија 14 години по ред! Уште од сезона 2011/2012 до сега. Но Левски Софија е решен да го врати шампионскиот пехар кој долго се чека. Сините се први на табела во Бугарија со +7 бода пред Лудогорец. Викендов само кикснаа, се лизнаа кај Добруџа каде домаќинот зема бод (2:2) со еврогол на Ивајло Михајлов во 90+6' минута!
Интер и Рома одиграа голеада 5:2, победа со која Интер е на +9 пред Милан кој има натпревар помалку. Јан Зомер блесна на голот со интервенција која на големо се врти на социјалните мрежи.
Фудбалерите на Интер ставија една рака на пехарот во Серија А откако со 5-2 ја декласираа Рома во дербито на колото во италијанското првенство. Два гола даде капитенот Лаутаро Мартинез, а по еден дадоа Чаланоглу, Маркус Турам и Барела. Турчинот во свој стил, со силен шут од далечина. Интер има 9 бода предност пред Милан кој има и натпревар помалку.
Легендарниот капитен на Ливерпул Стивен Џерард едно време беше тренер и во Саудиска Арабија. Вели дека првите топ4 клуба од тамошното првенство се многу подобри од екипите во МЛС лига, дека би биле во долниот дел од табелата во Премиер лига односно во горниот на Чемпионшип.
Македонизираниот Германец Фин Ватчов, од Боро Чурлевски во Битола, се сели во Билјанини извори во Охрид, каде Олимпијакос е елиминиран во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ со 25:24. И да, пуштен е најјако.
Понекогаш на второлигашките натпревари во земјава се игра подобар фудбал и настапуваат поталентирани играчи дури и од оние во прва лига. Доказ за ова е и средбата меѓу Слога Виница и Победа Прилеп која заврши 4-2 а на која Стефан Насковски од гостинската екипа постигна велелепен погодок!
Братот на трикратниот МВП во НБА Никола Јокиќ, Страхиња за време на дербито меѓу Денвер и Сан Антонио Спарс кое Нагетс го добија тесно 136-134 а на кое Никола Јокиќ постигна фасцинантни 40 поени со 13 асистенции и 8 скока, повторно се сипа на еден противнички навивач.
Во големото дерби на аргентинскиот фудбал меѓу омразените ривали Индепендиенте и Расинг Клуб, домаќините победија 1-0 со гол на Габриел Авалос. А претходно во 40' минут гостите добија пенал. Адриан Мартинез сакаше мангупски да го совлада домашниот голман Реј со паненка ама го префрли цел гол. Му скокнаа и иронично му честитаа и аплаудираа.
Хамбург и Аугзбург одиграа 1-1 во Бундеслигата а гостинскиот голманм 28-годишниот Фин Гилберт имаше неверојатна среќа при една реакција кога бек смотано и неспретно силно му ја врати топката.
Барселона синоќа после пресврт го совлада големиот ривал Атлетико Мадрид на гости во дуел во кој гостите имаа играч повеќе цел втор дел по црвениот картон кој Нико Гонзалес го доби на истек на првиот дел. Џулијано Симеоне го доведе Атлетико Мадрид во водство во 38' минута но со головите на Рашфорд во 42' и Левандовски на крајот во 87-ма Барса славеше. Ламин Јамал воопшто не го прослави победничкиот гол на Левандовски и пред крајот на натпреварот не се ни поздравил со Флик, го одминал и тргнал кон соблекувалната.
Вардар ја прегази Македонија Ѓорче Петров со 5-1 во 25. коло од првата македонска лига. Стрелци на мечот Дарко Велковски, Бобан Николов, Диего Кастанеда, како и два комада на Жоакин Торес. Едниот велемајсторски, со соло продор за почит.
Интер Мајами го постигна првиот гол на новиот стадион Ну Стадиум на мечот против Остин кој заврши 2:2. Го даде токму Лео Меси и тоа под трибината која го носи неговата име. Ова му е гол број 903 или само 31-ви со глава.